Бетика од Ресен: „Бев хиперактивно дете, но по сообраќајна незгода животот ме врза за кревет, паднав во депресија“

Во една пригода Бетика на Инстаграм сподели:

„Ја победив сообраќајката.
Ја победив прегазената Бетика.
Ја победив траумата.
Ја победив депресија.
Ја победив анксиозноста

Ја победив ГЛАВНАТА БИТКА прекумерно јадење и барање утеха во лоша исхрана!!!
ТОА НЕ БЕВ ЈАС, ТОА БЕШЕ МОЈАТА ДЕПРЕСИЈА.
Се победив себеси!

Да, ова сум јас Бетика после мојата сообраќајна несреќа.
Не мислев дека ќе соберам храброст некогаш да си ја отворам најболната страница од мојот живот.

Но осеќам потреба да ве мотивирам, да ви дадам љубов и поддршка на сите што поминувате низ овој стадиум од животот.
Најголем пријател ми беше креветот и четирите ѕида од собата, две години не смееше да вежбам, ми беше кажано дека воопшто не смеам ни да движам...

Ми ги забранија угорниците и удолниците.
Ми забранија сѐ.
ЦЕЛ СВЕТ МИ СЕ СРУШИ ПРЕД МЕНЕ!

Таков е животот падни стани, од едно хиперактивно дете што 24/7 буфташе секакви спортски активности, нема ништо од тоа.
Не смееш да мрдаш.

Аш на 10 години ракомет.
Аш на планини, долини, реки, карпи...

А што ми е животот без мајка природа си велев?!

betika-bev-hiperaktivno-dete-no-po-soobrakjajna-nezgoda-zhivotot-me-vrza-za-krevet-padnav-vo-depresija-04.jpg

И оп те фаќа ДЕПРЕСИЈА, едно ново чувство за мене дотогаш непознато...

Е па дечки во таква психолошка состојба јадев сѐ и тоа премногу... Тоа ми беше главен и единствен допамин.

Но, сепак и по таа несреќа јас имав САМОДОВЕРБА и љубов спрема моето телото без разлика во каква состојба бев.

Се здебелив да, но тоа не беше крај на свет, се сакав, се прифатив, ја прифатив мојата состојба.

betika-bev-hiperaktivno-dete-no-po-soobrakjajna-nezgoda-zhivotot-me-vrza-za-krevet-padnav-vo-depresija-08.jpg

Гордо ги носев моите килограми, ја знаев мојата сила, се познавав себеси, знаев каде застанав.

НАЖАЛОСТ се упропасти животниот сон на една прекрасна ракометарка.
Но, помина сѐ, сообраќајката, помина коленото, повредите, помина и килажата и ете ме мене пак.

Ете ме во најубавото издание и тело што некогаш сум ги имала.

Денес ти се поклонувам тебе Бетике, Кралице моја сполај ми ти што ги издржа сите падови.
Кога животот те успорува, врати се уште појака, најјака!!!

Ако ви фалеше мотивација, само да ви кажам дека сѐ е возможно кралици мои“.

Кликнете на видеото од нејзината трансформација:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg