Дизајнерката Ива Спасовска славеше Божиќ во Чикаго: „Зготвив вечера за мои луѓе, деца не пеат пред врата како на филм“
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
„Маалото во кое живеам е украсено убаво. Има куќи како од филм, со венци и светилки, но сè е складно. Дечиња не пеат на врата, не е како во филмовите. Луѓето тука велат дека таа традиција полека избледува. И искрено, ме потсети на тоа дека и кај нас нема многу коледари како порано“, вели Ива Спасовска за CRNOBELO.com.

Нашата модна креаторка Ива Спасовска, веќе неколку месеци живее во Чикаго.
Таа ужива во убавините на градот, во дружењето со нашинците, создава нови пријателства, посетува ревии, промоции на брендови...

Тука е и снегот, кој падна пред неколку недели, па Ива за CRNOBELO.com вели дека делови од градот се како во зимска бајка.
Поттикната од празничната еуфорија која е поврзана со католичкиот Божиќ, сакајќи да ја доживее американската традиција, Ива организираше вечера за неколку блиски пријатели, зготви и се дружеа во пријатен амбиент, со музика, подароци, смеа...

За тоа како помина го нејзиниот прв католички Божиќ во Америка, додека ги чека Нова година, Бадник и нашиот Божиќ, таа раскажа за CRNOBELO.com:
„Првиот Божиќ во Америка ми беше… мирен. Не спектакуларен, не еуфоричен - туку зрел.
Немам потреба да се докажувам со возбуда. Сè си доаѓа на место само по себе.

Кај луѓето во Америка неколку недели наназад се чувствуваше празничната еуфорија, имаше гужви, купување, светилки насекаде.
Продавниците беа полни, улиците живи, градот светкаше.

Се движев низ музеи со празнично накитени амбиент, влегував во хотели во downtown со луксузни барови, светла и музика.
Луѓето се средени, расположени, атмосферата е навистина празнична.
