Дизајнерката Ива Спасовска славеше Божиќ во Чикаго: „Зготвив вечера за мои луѓе, деца не пеат пред врата како на филм“
Маалото во кое живеам е украсено убаво, со мера. Има куќи како од филм, со венци и светилки, ама сè е складно.
И сето тоа предизвика празнична еуфорија и кај мене.

Затоа, за католичкиот Божиќ зготвив вечера и поканив кај мене на гости неколку блиски и сакани луѓе.
Разменувавме подароци, со мера, кои имаа значење за нас, а не беше важен бројот на разменети подароци.
Едноставно, сакав да го почувствувам и тој дел поврзан со нивниот Божиќ.

Испочитував некои американски традиции и обичаи, ама си останувам своја и веќе се подготвувам за прославата на Бадник, Божиќ и нашите традиции кои си ги носам во себе.
Но, сакам кога традицијата ти остава простор.

Дечиња да пеат на врата - не пеат, не е како во филмовите. Луѓе што живеат тука подолго велат дека таа традиција полека избледува.
И искрено, поради тоа ми е малку жал, некако ме потсети на тоа дека и кај нас нема многу коледари како порано.

За пречекот на Нова година имам неколку опции, и иако е за два дена, допрва ќе одлучам.
Но, секако, ќе споделам преку моите социјални мрежи“.

Кликнете и погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело