Доктор Горан oтвори своја ординација во Германија: „Се молам на Господ да ми даде мудрост да постапувам правилно“
- Детали
- петок, 09 јануари 2026
„Денес беше мојот прв работен ден како сопственик на своја ординација и сам свој шеф. Возбудлив, но и застрашувачки период за мене. Доjде момент кога повеќе не можев да најдам задоволство во болничката работа...“, искрено споделува доктор Горан Трајковски.

Доктор Горан Трајковски се прослави на Инстаграм со видеата и објавите во кои ги едуцира своите следбеници на теми од медицината, но и со забавното прикажување на неговото секојдневие во Германија.
Но, сега, по долги години работа во германска болница, им откри на своите 61.000 следбеници дека отворил своја ординација.

Овој успех тој го овековечи со фотографии направени во модерниот простор, каде ќе им помага на сите кои имаат потреба.
Неговата објава:
„Денес беше мојот прв работен ден како сопственик на своја ординација и сам свој шеф.
Возбудлив, но и застрашувачки период за мене – и 2025, и 2026 носат големи промени.
Сега имам не само одговорност за здравјето на луѓето, туку и финансиска одговорност кон моите вработени и фирмата.

Доjде момент кога повеќе не можев да најдам задоволство во болничката работа. Следниот логичен чекор беше да ја практикувам медицината така како што јас ја разбирам и чувствувам – иако тоа значеше излегување од „комфорната зона“ и преземање ризик.
Се надевам дека овие простории ќе бидат место каде луѓето ќе се чувствуваат безбедно и згрижено.
Се молам на Господ да ми даде мудрост да постапувам правилно.

Ординацијата работи со сите германски осигурувања, секако и приватно и секој е добредојден.
Драги пријатели, посакајте ми среќа – ќе ми треба.
П. С. Среќна Нова година“




С. С. | Црнобело
