Мапа на Македонија: Лепче со паричка се крши за Бадник или за Василица – Како е во вашиот крај?
- Детали
- петок, 09 јануари 2026
Kршењето на лепче со паричка има посебна магија, зарем не? Сите собрани во топла атмосфера околу трпезата исчекуваат кој ќе има среќа годинава? Дали веќе кршевте лепче со паричка за Бадник или тоа ќе го правите за Василица?

Континуираната дебата продолжува секоја година за тоа кога треба да се крши лепче со паричка, односно - дали е правилно на Бадник или на Василица?
Што мислите вие? И како се практикува во вашиот роден крај?

Христијан Аџиоски од Битола на мапа од Македонија со бои означи каде се крши за Бадник (зелено), а каде за Василица (жолто).
Инаку, Христијан е автор на книгата „Само птиците се враќаат назад“, која е хроника за бегалците во историската голгота на Егејска Македонија.

Како е во вашиот крај?
Мапата на Христијан:
Прочитајте и Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто?
С. С. | Црнобело