„Одев на психијатар по разводот“ - Брејк искрен за некои од најтешките моменти во животот

„Одев често на психијатар посебно во процесот на развод поради детето, поради пристапот кон него, бидејќи синот мој имаше 8-9 години тогаш, беше силно развиено дете и одев за да знам што да очекувам, што да направам, како да возвратам, како да разговарам со него“ - вели Брејк во својата исповед.

odev-na-psihijatar-po-razvodot-brejk-iskren-za-nekoi-od-najteshkite-momenti-vo-zhivotot-01.jpg

Бизнисменот и, како што вели за себе ‘хонорарен пејач’, Дарко Гелев Брејк, беше гостин во емисијата „Животна приказна“ со Здравкица Милиќ.

Низ разговорот тој откри детали за своето детство кога живеел една година во Австралија со родителите, а потоа и една година во Грција со татко му, со кого бил премногу поврзан.

odev-na-psihijatar-po-razvodot-brejk-iskren-za-nekoi-od-najteshkite-momenti-vo-zhivotot-03.jpg

Татко му почина пред 10 години, а Дарко низ разговорот раскажа и за неговиот погреб, кога со музика го испратиле во вечното почивалиште.

„Многу го сакав. Болно го сакав татко ми. Со него имавме шега, ѝ кажувавме на мајка ми: ‘Лиле ти кога ќе починеш, ќе те испраќаме со музика’.

Кога тој почина, јас и Лиле одевме во поворка, со музика, имаше преку 200 луѓе, јас со солзи во очи, она со солзи во очи, и колку и да звучи чудно, ѝ викам: ‘Требаше обратно да биде’. И она се смее“, раскажува Брејк.

odev-na-psihijatar-po-razvodot-brejk-iskren-za-nekoi-od-najteshkite-momenti-vo-zhivotot-05.jpg

На прашањето дали некогаш има потреба од психолог или психијатар, тој вели: „Секогаш!“.

„Сите ние имаме потреба. Јас одев често посебно во процесот на развод поради детето, поради пристапот кон него, бидејќи синот мој имаше 8-9 години тогаш, беше силно развиено дете, му направивме jump start со тој наш развод.

Одев за да знам што да очекувам, што да направам, како да возвратам, како да разговарам“.

odev-na-psihijatar-po-razvodot-brejk-iskren-za-nekoi-od-najteshkite-momenti-vo-zhivotot-02.jpg

Тој вели дека било тешко да му се соопшти на синот Марко за разводот, иако со првата сопруга Драгана немале турбуленции и кавги.

„Едноставно многу млади се земавме. Чудно, и разводот ни беше некако детски се раздвоивме, немаше некои циркуси.

Но, имавме едно најубаво детенце направено заеднички, за кое двајцата и ден-денес треба да водиме сметка да биде океј со него. Така што, убаво е да се оди на психијатар“, рече Брејк.

odev-na-psihijatar-po-razvodot-brejk-iskren-za-nekoi-od-najteshkite-momenti-vo-zhivotot-06_copy.jpg

Подоцна во разговорот, тој уште еднаш се наврати на темата посета на психијатар, па вели:

„Круцијално ми е моите 3 деца добро да живеат. Кога се разведов бев многу млад и честопати консултирав психијатар, не само поради менталното здравје на синот, не само да не влијае лошо разводот на него, туку, детево има потенцијал, дај да го развиваме тој потенцијал.

Што јас да направам како родител за тој потенцијал да излезе на виделина како што треба и фала му на Бога, втор факултет во Лондон запиша сега“.  

odev-na-psihijatar-po-razvodot-brejk-iskren-za-nekoi-od-najteshkite-momenti-vo-zhivotot-04.jpg

Брејк, кој наскоро ќе наполни 50 години, има три деца - синовите Марко (26) и Давид (12), и ќерката Деа (6).

Погледнете го целото интервју:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...

Најчитани неделава