Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“
- Детали
- понеделник, 02 март 2026
„Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми вика, значи јас се гушам. Јас гледам дека женава е во сериозен паничен напад... На крај таа ми рече: 'Господ здравје да ти даде - ми го спаси бракот'“, вели Миа Костова и споделува детали за случката, каде помогнала од сопственото искуство со паничните напади.

Миа Костова е една од малкуте јавни личности кај нас која секогаш говори отворено на разни теми.
Таа искрено споделува детали и за паничните напади со кои се соочува, анксиозноста, но и за соочувањето и справувањето со депресијата.

Миа, со годините вели дека сè подобро успева да ги препознае и да се справи со паничните напади, а од своето искуство им помага и на други луѓе кои неретко ѝ се обраќаат за помош на Инстаграм.
Вели дека секогаш ги советува да посетат психолог, но некогаш во некои итни ситуации им дава совети од лично искуство.

Инфлуенсерката Миа Костова за време на гостувањето во „Урок“, подкастот на Сергеј Варошилија, каде повеќе од два часа зборуваше за својот живот, синот, работата, а и првпат раскажа за дечкото со кого била во токсична врска на само 14 години, проговори и за една ситуација кога ѝ се обратила жена среде паничен напад.
Миа Костова споделува детали за ситуацијата:
„Jас сум имала многу длабoки разговори, со многу куцање, сум снимала многу говорни пораки кога чувствувам дека е тоа потребно, затоа што некој има потреба од муабет, а можеби нема некој близок, па во мене гледа некако дали спас, дали пријател, неважно.

Мене ми се случило да вратам жена од граница со паничен напад со гласовни пораки.
Затоа што жената почна да ми пишува во некое време од денот, и не знам ја гледам поракава предолга...
'Тргната сум со сопругот и со две деца во кола. Ќе умрам Миа, ми вика, значи јас се гушам'.

Јас гледам дека женава е во сериозен паничен напад.
Јас не сум психолог и не можам да ја кажам дека е во кола посети психолог, инаку тоа е прво нешто што им го кажувам.
Меѓутоа во моментот, тргната од тоа како јас се чувствувам кога ми било така, јас снимам гласовна порака во која што ѝ викам на женава: „Слушај, уплатено ти е со две деца, има да стигнеш на плажа, па крајно и да умреш на плажа, има служба што ќе те врати.
