Каролина, Дац: Македонските познати личности се огласија по смртта на мајка со дете (6) во Тафталиџе во трагични околности

Ина МногуФина

„Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи ама ти од друга позиција збориш.

Зошто не го оставила? Може немала каде да оди. Ти текнува дека немаат сите семејство или пријател ко тебе да ѝ рече: Дојди кај мене, јас ќе ти помогнам?

Зошто се омажила со него? Зар мислиш ќе се омажела ако знаела дека е мрднат, а и ако е нетокму - тоа прогресирало низ годините посебно ако се зависности во прашање?

Зошто не го решила? Не може секој да се одбрани на таков начин.

Лесно е да се збори сега ама не е така ко шо мислиме ние од дома. Барала помош, каде е закочен случајот? МВР, ЈО, ЦСР? Да видиме.

Танкица пријави, не го препознаа ризикот кај неа, не превземаа ништо. Го викнаа на разговор го пуштија, толку беше.

Росица пријави кршење мерки, дремеа неколку месеци не вадеа камери, не процесираа, толку беше.

Марија, една од неколкуте жени од кумановско, пријавила, дошле го побарале, не бил дома, толку беше.

Нас ни требаат нови закони.
Не е доволно по службена должност да се гони.

Нас ни треба нов закон за социјални работи, нов закон за заштита од семејно насилство, нас ни треба сè ново.

Да влезат пратениците да почнат да работат на тоа. Ова насилство по овие закони очигледно не се спречува. Таму каде што кочат случаите и по овој закон треба службениците со лисици да се вадат.

Ние имаме многу жртви. Не е решение оди ти него истепај го нема да му текне. Нема да му текне за тој што го истепал, за жена му ќе му текне.

Види хроника, секој ден имаме по нешто. Не чини закон, не чини спроведување, сето тоа е споро. Или ќе се превземе нешто или ќе гледаме вакви последици“.

karolina-dac-makedonskite-poznati-lichnosti-se-oglasija-po-tragedijata-so-majka-i-dete-vo-skopje-02_2.jpg

Прочитајте и Катерина К. Стисниовска, адвокат против семејно насилство: „Бранев жртва во случајот ‘Јавна соба’, жени напуштете ги насилниците“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Каролина Гочева (45) и Живкица Каленикова (47) блескаат во младешко издание, покрај нивниот пријател... Тие се прекрасни нашминкани од рацете на Дадар, но и блескаат со природна убавин...
Дац романтичен за роденденот на сопругата: „И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе“ Дац за саканата Весна вели дека чувствува љубов од која буквално ти се превртува...
Дац (62) не може да тргне поглед од сопругата - Ја гледа вљубено, страстно ја бакнува (видео) Додека со Александар Митевски ја пеат „Уште ми фалиш“, Дац ја прегрнува својата ...

Најчитани неделава