„Најдолгата година“ - Сопругата на Андреј од ДНК се огласи на годишнината од неговата смрт во трагедијата во Кочани
- Детали
- понеделник, 16 март 2026
Наталија изгуби премногу, а уште повеќе изгуби нејзината ќерка Јана, која остана без татко. Токму затоа мисија на Наталија е да даде сè што е во нејзина моќ за да биде силна за неа. Некои болки едноставно не се мерат со зборови... Тато засекогаш ќе остане нејзин ангел, кој ќе ја чува од небото.

Некои болки едноставно не се мерат со зборови, за некои болки едноставно нема доволно зборови, па така денес, една година по кобниот 16.03 и трагедијата во Кочани, на Инстаграм се огласи сопругата на Андреј од ДНК.

Таа објави заедничка фотографија со него на Инстаграм Стори и напиша:
„Најдолгата година“.

Наталија изгуби премногу, а уште повеќе изгуби нејзината ќерка Јана, која остана без татко.
Токму затоа мисија на Наталија е да даде сè што е во нејзина моќ за да биде силна за неа.


Па, така таа се труди на секој можен начин да ја расположи својата малечка и на почетокот од месец март ја одведе во „Леголенд“ Германија за да ѝ покаже дека животот мора да продолжи, а тато засекогаш ќе остане нејзин ангел, кој ќе ја чува од небото.
А Андреј и сите наши ангели од Кочани ќе останат незаборавени и непреболени.
16.03 засекогаш ќе боли!

Андреј од ДНК доби благодарница постхумно од здружение на Македонци во Германија за неговата хуманост, а неговата сопруга Наталија ја прифати благодарницата и одржа говор.
Кликнете на видеото:
Спомените на Наталија, кои болат, но и даваат сила - Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака на мама“
С. С. | Црнобело