Христина Пан со сопругот за ракот на ќерката (3): „Беше метастазирано низ цела глава. Секоја коска на главата, сè“
Знаеш, одиме по секакви прегледи, сè и сешто. Едни викаат и тумор маркерите ѝ се високи.
Ваму испаѓа ехо што е чисто.
Ситуацијава што ја гледам кај детево... Проблем има!
„На што се сомневате?“, прашуваме
„Абе, знаете, не можеме да ви кажеме...“

И едната ја фатив и викам, јас не те пуштам, ти како лекар мене како родител, мораш да ми кажеш што се случува.
Не можам да бидам, викам, сива зона.
Вика: „Абе, знаеш, се сомневаме дека е тумор, 100% нешто тумор“.

Прочитајте и Христина Пан со тропска забава им прослави роденден на ќерките близначки во двор во Слепче, откако малата Тара се избори со ракот
Најмалку, не дека не се сомневаш по тоа што го гледаш детето ама не ти е мило да го чуеш тоа.
Во тој момент, го слушаш тоа и не ти си верува, знаеш?
Христина додава: „Јас само го слушнав и ме снема“.

Имаше едно 30 секунди ја гледаш, онака, бледо докторкава и викам што ми зборуваш?
Буквално, вика докторката, нема коска на главата, кај детето којaшто не е опфатена со нешто.
Било метастазирано низ цела глава. Сè што е постои коска на глава, сè“.
Kликнете на видеото:
Погледнете го целото гостување кај Лазаров:
Прочитајте и Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад нас“
С. С. | Црнобело
