Тони Михајловски (58) со сопругата на премиера во МНТ - Александра пред 6 години се избори со ракот на матка, сега му е поддршка
- Детали
- петок, 24 април 2026
Александра Јорева Михајловски за периодот на дијагностицирање на ракот за CRNOBELO откри: „Таа година телото и имуниот систем кажуваа дека нешто се случува. Инаку, 5 дена после дијагнозата, јас веќе бев во сала. Операцијата траеше долго, ако добро паметам некаде околу 5 часа“... Сега, таа се чувствува одлично и му е најголема поддршка на саканиот Тони, со кого се 14 години во брак.

Тони Михајловски (58) веќе 14 години ужива во бракот со Александра Јорева Михајловски.
Тие во текот на годините имаа подеми и падови, но секогаш си беа најголема поддршка еден на друг, без разлика дали станува збор за предизѐвици на поле кариера или, пак, на поле здравје.


Таков предизвик имаше Александра Јорева Михајловски пред повеќе од 6 години. Таа се соочи со рак на матката и успешно се избори.


На 23-ти октомври 2024-та со емотивна објава на Инстаграм откри дека поминале 5 години од нејзината дијагноза рак на матка, бројка која е многу значајна за сите онколошки пациенти и бројка по која за нијанса „полесно се дише“.
Во интервју за CRNOBELO, Александра за периодот на дијагностицирање, изјави:
„Да се вратиме назад. Таа година телото и имуниот систем кажуваа дека нешто се случува.
Јас во животов сум посетувала редовно само стоматолог и гинеколог, ете толку од доктори – односно сум била супер имунолошки и сум немала потреба да одам по доктори, но таа година некако сè „фаќав“ од синот Максим, што за мене не беше својствено и единствен симптом беше продолженото крварење во циклус.
Фактички 5 дена после дијагнозата, јас веќе бев во сала. Операцијата траеше долго, ако добро паметам некаде околу 5 часа“.


Инаку, Александра дојде како поддршка на Тони на премиера на театарска претстава. Станува збор за новата престава „Страв и надеж“.

