Маја Гроздановска Панчева на викенд со ќерките убавици - уживаат во Грција, девојките се нејзина копија
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
Освен што воодушеви со фотката на која е со ќерките, Маја привлече внимание и со спортската комбинација, која ѝ стои одлично, и во која изгледа многу младешки.

Пејачката Маја Гроздановска Панчева за првомајските празници беше во Грција со семејството.
Иако времето повеќе потсетуваше на есен, отколку на пролет, па имаше ветер и облаци, и само повремено сонце, семејството си помина одлично, а Маја објави неколку фотографии на Инстаграм.

Маја воодушеви со спортскиот стил - патики, кожена јакна и крем панталони, комбинација која ѝ стои одлично и во која изгледа многу младешки.
Но, пејачката сподели и фотографија со своите две ќерки, Марија и Надица.

Девојките се веќе пораснати, па едни велат дека се копија на Маја, но има и такви кои коментираат дека повеќе наликуваат на својот татко, фудбалскиот ас Дарко Панчев.
„Убавина што плени. Многу убавина на една фотка“, стои во коментарите.
Погледнете повеќе фотографии:



А. Ј. | Црнобело