Викторија Спенџарска со своите две деца и со двете на свршеникот се среќно семејство од 6, на пикник во природа
- Детали
- понеделник, 11 мај 2026
Кога има љубов, сè е возможно. „За сите неверојатни мајки“, напиша Викторија, позната како Веган Вики, и сподели фотки од пикникот во природа со своите деца, свршеникот и неговите деца. „Среќно семејство од 6“, напиша таа. Нивните фотографии се позитива на денот...

Викторија Спенџарска од Берово, позната како Веган Вики на Инстаграм, е сестра на Јелена Спенџарска и мајка на две ќерки, Љубљана и Емона.

Вљубеничката во здрава храна сега на Инстаграм откри дека ја пронашла вистинската љубов, а нејзиниот свршеник исто така има две деца.

Од кампување со шатор до готвење на оган и берење на шумски плодови, Вики откри дека се радува на животот исполнет со вакви авантури во природа со саканиот.
Сега, тие како 6-члено семејство уживаа во природа во близина на Гевгелија.


Вики откри дека таа е задолжена за зеленукот, додека нејзиниот сакан за месото, а резултатот се среќни и најадени дечиња во природа.

