Maкедонец ќе ве расплака: „Премногу разводи, ‘ако ме земеш тато, дали ќе бидам мамино злато?’ - стихови од детска песна што ежат“
- Детали
- петок, 15 мај 2026
„Премногу разводи, премногу распаднати бракови, во сите тие ситуации најголема жртва се децата, и прилично застрашувачки, збунувачки прашува детето во песната: ‘Aко ме земеш тато, дали ќе бидам мамино злато? Ако ме мама зема дали тебе тато ќе те нема? Чие дете, чие злато јас ќе бидам, штом се будам чии очи ќе ги видам?’“, емотивно вели Ненад Стојанов од Кочани и ја споделува детската песна „Ако“.

Ненад Стојанов од Кочани на својот Фејсбук профил ја сподели старата детска песничка „Ако“ и трогнува со зборовите во описот.

Тој испраќа порака колку всушност оваа песна е доказ колку им е тешко на децата на разведени родители.


Ненад вели:
„Една тажна и емотивна песна од детството...
Премногу разводи, премногу распаднати бракови, во сите тие ситуации најголема жртва се децата, и прилично застрашувачки, збунувачки прашува детето во песната: ‘Aко ме земеш тато, дали ќе бидам мамино злато? Ако ме мама зема дали тебе тато ќе те нема? Чие дете, чие злато јас ќе бидам, штом се будам чии очи ќе ги видам?’
Децата не знаат кој е во право, кој е подобар, дали мора така, и кога детето ги сака и ДВАЈЦАТА ПОДЕДНАКВО ги прашува...
Слушнете ја целата песна!“

Слушнете ја песната „Ако“, која ќе ве расплаче и освести:
С. С. | Црнобело