Наша водителка вели: „Која е потребата да навредуваме бремена жена во 8-9 месец?“, среде скандалот со сопругата на Мандар
Сопругата на Мандар, пак, на фотографија каде позирала во хеланки во последниот триместар од бременоста, добила коментар:
„Ма, да те плеснам еднаш по г*, ќе искочи бебево од стомак. Ама си се надувала, ти близнаци носиш“.

Дариа, згрозена, се огласи на Инстаграм Стори:
„Страшно е што е сметано за провокативно - да си го сликнеш покриен стомакот во 32-ра НЕДЕЛА ОД БРЕМЕНОСТА, со цел да покажеш дека бебкото во тебе расте и уште малку ќе го запознаеш...
Не знам до кога треба да слушаме и трпиме вакви одвратни коментари. Oсобено од жена кон жена (мислејќи на тоа дека дури и мајката на мажот што ѝ коментирал - ја критикувала Дариа, а нему му дала поддршка).

„Еве ја сликата уште еднаш. И горда сум да ја објавам!
Горда сум што сум жена.
Горда сум што моето тело создава живот.
Горда сум на мојот труднички стомак, на промените, на силата и љубовта што ги носи овој период.

Нема ништо срамно во бременоста.
Нема ништо провокативно во тело кое носи дете.
До сите жени и трудници: носете ја вашата бременост со ГОРДОСТ.
Нашето тело прави нешто навистина неверојатно“.

С. С. | Црнобело