Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако знам дека нема да заврне“

За раѓањето на Андрија, Миа во една пригода за негов роденден напиша:
„2012 ми се смени животот комплетно. Запознав човек што го сакам повеќе од себе.
Мислев дека секогаш ќе биде бебе. Пречесто се плашев дали добро правам и колку му должам кога е во прашање воспитување и родителска посветеност.
Денес, вака сериозно голем ми дава за право да мислам дека може не сум најдобрата мајка на светот, ама можам со право да давам совети за воспитување ако некој ми побара, секако.
Кроток, искрен, се радува буквално на сè, задоволен со премалку, полн љубов, разбран секогаш и без исклучок на прва, понекогаш и само со поглед, хармоничен, лесно навредлив и максимално самостоен.
Не е оглас за зет, ниту за школо за воспитување. Само кажувам дека е Мој“.

С. С. | Црнобело
