„Кажи ДА“ - Ракометарот Марко Богдановски ја запроси саканата на плажа, глумејќи дека се местат за сликање (видео)
- Детали
- среда, 17 јуни 2026
„Во твој стил, мангупски“, „Браво“ се дел од коментарите под видеото на ракометниот голман на Вардар, кој неодамна го напушти клубот. Тој се шегува во свој стил среде запросување, па додека неговата сакана, трогната и во солзи само го гледа, без да изусти ниту збор по неговата понуда за брак, тој шеговито ѝ вели кажи ДА, или НЕ...“

Ракометниот голман на Вардар, Марко Богдановски, кој неодамна го напушти клубот, ја запроси саканата на плажа.

Марко наводно ја тера партнерката да се наместат добро за сликање, а наместо тоа нивните пријатели ги снимаат и тој во еден миг клекнува на колено и вади прстен.
Јасмина трогната и во солзи само го гледа, без да изусти ниту збор, па тој шеговито ѝ вели кажи ДА или НЕ, а по кажаното ДА цела плажа им ракоплеска и бара бакнеж.



Кликнете на видеото од запросувањето:
Инаку, на 8-ми јуни Марко откри дека го напушта Вардар и на Инстаграм напиша:
„Би сакал да се заблагодарам на сите оние кои беа дел од мојата за мене преголема историја на Вардар, за мене секогаш во срцето ќе остане овој клуб и најдобрите навивачи во светот Комити Скопје.
До следното видување мој РК Вардар“.
С. С. | Црнобело