Виктор Апостоловски прослави 3 години брак и објави приватни фотки со сопругата и синот: „Ве љубам, уште 103 вака!“
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
„Третата годишнина ја пречекуваме 3ца...“, напиша Виктор Апостоловски и објави низа семејни приватни мигови... Од прошетки со кенгур до пикници во природа со Адам, тројцата се неразделни, а Виктор дефинитивно ужива во татковството.

Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена, на 2 декември 2025 станаа родители.
Тие добија син, на кого му дадоа библиско име, Адам.

Адам е прво дете на парот, а, два и пол месеци по неговото раѓање, Виктор зборуваше на темата „првите предизвици од татковството“ во интервју за CRNOBELO.com.

Но, предизвиците се исти за сите родители, а убавината и љубовта и магијата на тоа да се има дете, крв од својата крв, некој што ги носи вашите очи или дупче на образот можеби, е неспоредлива.

Па, така и Виктор е свесен за тоа и со саканата Милена уживаат во секој миг од родителството.

Од прошетки со синот во кенгур до пикници во природа со него, тројцата се неразделни.
Парот, сега прослави 3 години брак, а Виктор објави низа приватни семејни фотографии на Инстаграм.
