Хит објава на Македонка: „Мислев ќе сретнам господин, кој сака вино и класична музика - сретнав маж вљубен во пиво, рок и планини“
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
Животот некогаш не ни го дава тоа што сакаме, туку тоа што ни е потребно, па таква е и љубовната приказна на Гордана Крстаноска од Скопје, жена која во 50-тите години од својот живот живее со полн здив и граби повеќе од кога било.

Гордана Крстаноска од Скопје е жена која во 50-тите години од својот живот живее со полн здив.
Таа вели дека се откажала од канцелариската работа од 8 до 16 часот, патува, ужива во секој миг и изгледа подобро отколку пред 17 години.

И токму таа енергија и став направила да зрачи поинаку и да го пронајде вистинскиот.

Но, интересно е што тоа што верувала дека ѝ е потребно е сосема поинаку од она што го избрала.
И додека секогаш очекувала дека ќе се вљуби во некој господин што слуша класична музика и пие вино, нашла вљубеник во природа, пиво и рок.

Нејзината објава е доказ дека животот некогаш не ни дава тоа што сакаме, туку тоа што ни е потребно:
„Е мислев да...
Мислев ќе сретнам некој господин кој седи дома во баде мантил, пие чаша вино, носи влечки и слуша сериозна музика. А да, и носи марамче во џебот.
Мислев ќе сретнам маж кој ќе носи смокинзи по евентите и приемите.
А го сретнав Сандокан, кој сака да пие пиво, планините и пештерите се негов втор дом, кој слуша рок, коj не сака да се дотерува, кој сака да шета гол и бос, кој се тушира со ладна вода и влегува, еве вака облечен, во мраз ладна вода.
Без марамче и бос (ха-ха).
Додека лаганини денес си лежам и кулирам на лежалка... Тој, идеалниот мој маж, имаше идеален свој ден....А и јас свој.
Видеото заслужува медиумски простор.
Обожавааааамммммм!“

Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело