Дарко Влогс среќен со сопругата на плажа во Северна Каролина - слика напис „Исус“, па гледа огномет, по траумите
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
Дарко Влогс, некогаш нашиот најзабавен камионџија, покрај Андруш, сподели ретки приватни мигови со сопругата на плажа во Северна Каролина. По сите трауми кои ги остави зад себе, изгледа среќно и опуштено.

Дарко Јефремов е роден во Ниш, растен во Скопје, школуван во Битола и познат е како Дарко Влогс, некогаш еден од најактуелните и најследени Македонци на Инстаграм, кој го запознавме како забавен камионџија од САД.

Toj пред извесен период гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров, каде си ја отвори душата за сите трауми од минатото.


„Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“, гласеше неговата емотивна исповед, но тој со Даниела пронајде мир и среќа.
Дарко веќе со години ужива во животот во САД со својата втора сопруга, битолчанката Даниела, сосема повлечен од социјалните мрежи, но сега повторно споделува детали.

Тој со саканата Даниела ужива на плажа во Северна Каролина.



Од дружби со пријатели и фотки од дела од песок на плажа, како зборот „Исус“ до уживање во огномет навечер, Дарко изгледа среќно и опуштено.
