Последно збогум! Владо Јаневски на 1 јули ќе биде испратен во вечното почивалиште во Бутел
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2026
„Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули)“, пишува во објавата на Авалон продукција, кои споделија детали за погребот.

Авалон продукција, која го организираше последниот концерт на Владо Јаневски, а кој се одржа на 14 февруари во Скопје (заедно со Бајага), објави детали за погребот на починатиот пејач, а кој ќе се одржи во среда, 1 јули.
Во нивната објава пишува:
„Почитувани, добивме информација од семејството на Владо Јаневски и презедовме обврска истата да ја споделиме со пошироката јавност.

Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел во среда (1 јули) во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Има нешто посилно од сѐ“.
За потсетување, Владо почина вчера (28.06) на 65 години, по кратко боледување, во приватна болница во Скопје.
А. Ј. | Црнобело