Моника Црнокрак се капе во винтиџ када, дечкото ја слика - на идиличен планински одмор среде лето
- Детали
- петок, 17 јули 2026
Идилична „стаклена“ планинска куќа со прекрасен поглед, када среде собата, скара во дворот - Моника преку фотки на Инстаграм ја долови атмосферата од одморот на кој е со дечкото Виктор.

Моника Црнокрак, нашата позната манекенка, повеќе од 6 години ужива во љубовта со дечкото Виктор.
Парот често оди заедно на патувања, а почетокот на летото го искористија за одмор на планина.

Идилична куќа со многу стакло и прекрасен поглед, када среде соба, скара во дворот и хамок врзан меѓу две дрва - Моника преку неколку фотки на Инстаграм ја долови атмосферата од нивното „бегство“ од горештините.
„Скриени планински места во лето“ напиша таа.

Моника на дел од фотките лежи на хамокот со кафе и ужива во денот, а на некои Виктор ја бакнува додека таа е насмеана во неговата прегратка.
Но, најголемо внимание привлече фотографијата на која Моника е во кадата, со крената коса.

И иако на неа се гледа нејзиниот лик, едната рака и се наѕира дел од ногата, таа зрачи со сексапил, па доби бројни комплименти за изгледот.
Погледнете ги фотографиите:







А. Ј. | Црнобело