Нина Ангеловска (38) за растењето на синот (2): „Имаше грчеви, плачеше, под аспиртор на смени го држевме јас и сопругот“'
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
„Во првиот постпородилен период тогаш да ме прашавте - викав: „Лелеее, ова е најтешкиот период“ затоа што имаше грчеви, плачеше, под аспиртор се менувавме јас и сопругот. Но, после тоа доаѓа друг период и тој период што ни личел тежок и поминал, ни личи дека бил полесен од овој, односно овој е потежок“, вели искрено Нина Ангеловска за мајчинството и откива кој е најдобриот совет што го добила.

Нина Ангеловска, која периодов е актуелна со промоцијата на нејзината книга „Ништо случајно“, гостуваше кај Георги Докузов во подкастот „Next Gen Podcast“, каде проговори покрај за кариерата и за многу мигови од приватниот живот.

Таа откри низ какви фази минувала со растењето на синот Стефан, заедно со сопругот д-р Виктор Станков.

Нина за фазите од неговото растење вели:
„Првиот постпородилен период е периодот кога доаѓа нов член во фамилијата, кајшто хормоните лудуваат, кајшто се стабилизирате во новата улога, во новиот дом...

Да кажам едно ново јас, нов идентитет, ново човече коешто само го гледав и се чудев дека тоа нешто излезе од мене.
И мислам дека тој период, тогаш да ме прашавте викав: „Лелеее, ова е најтешкиот период“ затоа што имаше грчеви, плачеше, под аспиртор се менувавме јас и сопругот.

После тоа доаѓа друг период и тој период што ни личел тежок и поминал, ни личи дека бил полесен од овој, односно овој е потежок.
Така што секој нов период што ќе дојде, личи потежок од претходниот или помалку лесен.

Но, сите периоди си носат свои предизвици, ама и своја убавина.
Едно што точно, кое во моментот кога ми го даваа како совет не можев да го сфатам беше: „Види сето тоа брзо се заборава и се паметат само убавите работи“ и тоа е така.

Јас сега мислам дека е најубавата фаза, барем за мене, Почнува да зборува и интеракцијата е на едно друго ниво. И емоциите и сè“.


Инаку, синот на Нина неодамна наполни 2 години, а тие му прославија во Грција покрај плажа и сами со сопругот му направија торта:
