„Таму, некаде меѓу облаците, повторно ќе се слушне смеа“ - Познатите се простуваат од Гоце Тодоровски

„Имав чест да застанам пред камера со Гоце Тодоровски, снимајќи ги Македонските народни приказни за кои секогаш велам дека ми се дел од најубавите спомени. Денови исполнети со разговори, хумор, искрено смеење и моменти што засекогаш остануваат во срцето“, напиша актерката Маја Андоновска Илијевски.

tamu-nekade-megju-oblacite-povtorno-kje-se-slushne-smea-poznatite-se-prostuvaat-od-goce-todorovski-01.jpg

Актерот Гоце Тодоровски, кој вчера почина на 75 години, беше омилен на многу колеги, но и во јавноста.

Со своите улоги остави траен белег во нашата кинематографија, а најмногу по улогите во „Македонски народни приказни“ и како Цанде во „Солунски патрдии“.

Иако во јавноста неодамна беше објавена фотографија дека Гоце е во болница, веста за неговата смрт, изненади многумина, а ги растажи и луѓето кои го сакаа и почитуваа.,

Дел од нив се простија од актерот преку објави на социјалните мрежи.

Актерката Маја Андоновска Илијевски напиша:

„Денес македонското глумиште загуби голем човек и голем актер.

Имав чест да застанам пред камера со Гоце Тодоровски, снимајќи ги Македонските народни приказни за кои секогаш велам дека ми се дел од најубавите спомени.

Гоце Тодоровски беше актерска легенда и прекрасен човек, со кого имам безброј убави спомени од снимањата.

Денови исполнети со разговори, хумор, искрено смеење и моменти што засекогаш остануваат во срцето.

Зад себе остави безброј ликови кои ќе продолжат да живеат во нашата колективна меморија и да нè потсетуваат колку е голема моќта на вистинската уметност.

Некои луѓе не заминуваат целосно. Остануваат во своите улоги, во спомените на колегите и во љубовта на публиката.

Летај мирно, Гоце, ми беше чест“.

На Фејсбук страницата Ѓорѓи Колозов, администраторот Горан Марковски, напиша:

„Нашиот Гоце Тодоровски повеќе не е меѓу нас. Тргна по патот на светлината.

Вечерва, во својата 75-та година од животот, застана пред Господа.

Таму ќе се сретне и никогаш повеќе нема да се раздели од својот кум, партнер, колега и брат, Ванчо Петрушевски.

Гоце, во таа друга димензија покрај Ванчо те пречекува една цела плејада големи луѓе и артисти - Ѓорѓи, Душко, Дади, Мешко, Џуме, твојот имењак Гоце Влахов, Џемаил, Анче, Сабина Ајрула, твојата Фатиме од „Солунски патрдии“, Пандура - Снежана Стамеска и многу други.

Легендо, знам дека таму ти се радуваат. Повторно ќе бидете заедно - побројни, посилни и обединети на небесното глумиште.

Нас нè остави засекогаш да тагуваме по тебе. Но дури и во своето заминување не беше сосема себичен.

Ни ги остави Цанде, Кирца, Ацко, Цуне, Гоце Скокале, Лаки и безброј други ликови кои, како рој спомени, ме опкружуваат откако ја слушнав тажната вест.

Патувај мирно, легендо, и Бог да ти прости.

Ти остануваш засекогаш овде - во нашите срца, во сеќавањата и во вечноста на својата уметност“.

tamu-nekade-megju-oblacite-povtorno-kje-se-slushne-smea-poznatite-se-prostuvaat-od-goce-todorovski-02.jpg

И Стефан Лазаров се прости од Гоце, со фотка од гостувањето на актерот во неговиот подкаст:

„Почивај во мир Гоце Тодоровски. Чест ми е што имав можност да те запознаам.

Твоите дела ќе останат секогаш запаметени. Сочувство до семејството“.

Фотографот Анастасовски Горан, пак, напиша:

„Последен аплауз за човекот што нè смееше со децении.

Ја завршивте земната сцена, но не и мисијата да ни подарувате насмевки.

Денес Македонија остана без уште еден великан. Сигурен сум дека таму, некаде меѓу облаците, повторно ќе се слушне смеа, затоа што Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски повторно се заедно.

Ви благодариме за сите улоги, за сите насмевки и за спомените што ќе живеат подолго од времето.

Нека ви е вечна слава, а споменот за вас е бесмртен“.

Меѓу оние што се простија од Гоце, е и Игор Џамбазов, кој на Инстаграм Стори објави фотка од починатиот актер.

tamu-nekade-megju-oblacite-povtorno-kje-se-slushne-smea-poznatite-se-prostuvaat-od-goce-todorovski-04.jpg

И од Драмски театар се простија од актерскиот доајен:

„Почина Гоце Тодоровски, еден од најсаканите и најпрепознатливи актери на македонската сцена и долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

Во текот на четири децении на матичната сцена оствари 43 улоги, меѓу кои незаборавните Цанде во „Солунски патрдии“, Ачко во „Викенд на мртовци“, Питу во „Сара Бернар“ и многу други. Беше дел од претстави што прераснаа во театарски феномени и од филмски и телевизиски остварувања со кои растеа повеќе генерации.

Со својата непосредност, непогрешливо чувство за комедија, живост и мангупски шарм, Гоце Тодоровски остави неизбришлива трага во македонскиот театар, филм и телевизија.

Драмски театар Скопје изразува длабоко сочувство до неговото семејство, блиските, колегите и многубројната публика што го сакаше.

Гоце, ти благодариме за секоја претстава, за секој лик и за секоја насмевка“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да н... „Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа з...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Гоце Тодоровски (74) стави тетоважа - Ангелски крилја по изјавата дека тајна за успешен брак е „да и... „Огромна чест ни е што денес тетовиравме една огромна легенда како Гоце Тодоровс...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Гоце Тодоровски (75) е во болница - Пешки се враќал кон дома, поради сонцето му се слошило и лошо па... „Гоце веќе неколку дена е хоспитализиран. Додека пеш се враќал кон дома, поради ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава