Сузана Турунџиева емотивна за сопругот: „Ова утро се навршуваат 10 години без тебе Марјане – децата пораснаа, но љубовта и спомените останаа“
- Детали
- вторник, 28 јули 2026
„10 години без тебе Марјане... Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца, остана засекогаш... Многу ни недостасува твојата насмевка, хумор, твоите зборови и топлината што ни ја даваше“ - пишува Сузана Турунџиева на 10-годишнината од смртта на нејзиниот сакан Марјан.

За Сузана Турунџиева ова е посебно тежок ден, бидејќи се навршуваат 10 години од смртта на нејзиниот сакан Марјан.
Таа секоја година на овој ден, но и на денот на неговиот роденден, се потсетува на него и на социјалните мрежи пишува емотивна порака.

Сузана доживеа голема загуба, но вели дека низ годините, иако болката се менува, сепак не исчезнува и само се учи да живее со неа.
За потсетување, пејачката и водителка има две ќерки, Лора (од бракот со Александар Маленко) и Матеа (од долгогодишната љубов со Марјан).

Сузана во 2016 година објави и книга посветена на нејзиниот сакан со наслов „Не вели збогум“, а сега сподели емотивна објава по повод 10-годишнина од заминувањето на сопругот.

Таа напиша:
„Ова утро се навршуваат 10 години без тебе Марјане, во кои твоето отсуство го чувствуваме секој ден...
Времето лета, децата пораснаа, добивме и внуци, но љубовта, спомените и трагата што ја остави во нашите срца, остана засекогаш...
Многу ни недостасува твојата насмевка, хумор, твоите зборови и топлината што ни ја даваше.
Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува. Научивме да живееме со празнината, но никогаш да не престанеме да те сакаме и да те спомнуваме.
Ти благодариме за секој момент кој го споделивме, за секоја лекција и за љубовта што ни ја подари...
Твојата љубов е наша сила“.
М. М. | Црнобело