60 години на вашата трпеза

60-godini-na-vasata-trpeza

По повод 60-годишниот јубилеј на Битолска млекарница, Ви го претставуваме новиот „Бимилк Класик” јогурт со традиционален кисел вкус.

Оваа година се навршуваат 60 години од формирањето на првата млекарница во Македонија, Млекара а.д. Битола. Од 1952 година, па сѐ до денес, континуираното унапредување и модернизирање на фабриката ја издигнаа Битолска млекарница во компанија со силна структура во производството и дистрибуцијата на секогаш свежи и квалитетни млечни производи.

Веќе 60 години млекарницата е посветена на одржување и промовирање на здрав живот и здрава животна околина, а долгата традиција заедно со современата технологија, која ги следи светските трендови и постојаното унапредување на производните капацитети овозможуваат „Бимилк” секојдневно да ги задоволува највисоките критериуми и потреби на милиони потрошувачи.

По повод 60-годишниот јубилеј, Битолска млекарница Ви го претставува новиот „Бимилк класик” јогурт со традиционален кисел вкус, кој како и сите други производи е направен според вкусот на нашите потрошувачи и е одличен избор за сите оние што сакаат во текот на целиот ден да се чувствуваат совршено.

Овие 60 изминати години заедно се доказ за совршениот квалитет на производите, посветеноста и грижата на нашата компанијата и вашата скапоцена верност и љубов. Ви ветуваме уште многу години богата и здрава трпеза со нашите производи.

Би можело да ве интересира:

Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...

Најчитани неделава