Проектот „Признавам!“ во Концепт 37

Од 23.04 до 30.04 во арт-кафето „Концепт 37“ ќе се реализира интерактивниот проект „Признавам“ чии иницијатори се: Сандра Камилоска, Андреа Хајди, Кристина Керкез, Мики Стефаноски и Дејан Спиркоски.

proektot-priznavam-vo-koncept-37-01

Станува збор за проект во кој секој посетител ќе може на парче хартија анонимно да ги сподели своите тајни и признанија кои ќе бидат споделувани на социјалните мрежи - #признавам во текот на целата недела. Додека на 30.04 (среда) сите тајни ќе бидат изложени и ќе може да се прочитаат на ѕидовите на Концепт  37.

„Постојат работи во животот кои немаме храброст да ги кажеме на глас, се плашиме да ги признаеме и ги носиме со себе, во себе. Но, што ако можеме да ги запишеме во потполна дискреција? Што ако почнеме да креираме места каде што е безбедно да се споделува и признава додека пробуваме да ја пронајдеме смислата на животот. Да бидеме дел од групата која креира сигурни места во кои сите наши признанија се испишани и ослободени од осудување.“, велат инициајторите на проектот „Признавам“.

Тие сметаат дека овој проект ќе ни овозможуви анонимно да ги споделиме нашите најголеми тајни за љубовта, фамилијата, среќата, стравовите, сексот, односите со другите, конфузијата на животот и сите моменти на каење.

Проектот „Признавам“ е инспириран од младата американска уметница Кенди Ченг и нејзиниот проект “Confessions”

Дојдете во Концепт 37 и ослободете се од вашите тајни! 

proektot-priznavam-vo-koncept-37-02

proektot-priznavam-vo-koncept-37-03

proektot-priznavam-vo-koncept-37-04

proektot-priznavam-vo-koncept-37-05

proektot-priznavam-vo-koncept-37-06

Би можело да ве интересира:

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
8 места во Скопје каде може да пробате вкусни италијански сендвичи со фокача Локали специјализирани за фокача сендвичи по оригинален рецепт, пршутерии каде м...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава