Прогласени победниците на блог натпреварот „Кажи Нешто“

На 10 мај, сабота, во Младинскиот Културен Центар – Скопје, се одржа завршниот настан од блог натпреварот „Кажи нешто“ во организација на Здружението на граѓани ОХО под покровителство на Фондацијата е-Македонија, наменет за ученици од средните училишта во Република Македонија.

proglaseni-pobednicite-na-blog-natprevarot-kazi-nesto

Натпреварот „Кажи нешто“ покажа дека во Македонија постојат голем број на креативни млади кои имаат желба да се изразат на интернет просторот на различни теми, и тоа да го споделуваат со интернет заедницата. Можност на блог да го искажат своето мислење, да дебатираат, да се едуцираат, да разменуваат искуства и да ги развиваат своите потенцијали. Заклучокот на жирото е дека доколку на младите им се даде шанса, тие можат со своите размислувања да влијаат на јавното мислење, да бидат активни партиципанти во јавниот живот и да придонесуваат кон поттикнување на креативните потенцијали на сите останати. Блогот е можност за искажување на различно мислење, за слобода на изразувањето, во една поинаква форма, според инспирацијата на секој поединец.

На настанот г-ѓа Радмила Јонческа, директор на Фондацијата е-Македонија ја објави одлуката на петочленото жири во состав: Антонио Николоски – Фондација е-Македонија, Дарко Булдиоски – Newmedia, Дејан Трајкоски – новинар во дневниот весник Вечер, Јасмина А. Чашуле – проектен координатор на Кажи Нешто.

Прво награден е блогот AppLand од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, на Митко Ѓорѓиевски, Ѓорѓи Белевски, Крсте Тодоров, Душко Клинчаров и Горан Митров. http://appland.dobridaskalov.edu.mk

Жирито одлучи дека наместо второ и трето место, ќе додели две втори места на Capturingchapters на Милка МаневаиМарија Карилановаод гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес http://capturingchapters.tumblr.com/ и  блогот „Твое време“ на Ивана Карова од гимназијата „Гошо Викентиев" од Кочани. http://tvoevreme.blogspot.com/

На настанот учествуваа преку 200 ученици и наставници од цела Македонија, кои изминативе 5 месеци активно работеа на своите блогови.

Првиот дел од настанот беше исполнет со пет дискусии на тема: Онлајн уметност,  Социјални медиуми,  Како да преживее вашиот бренд онлајн, Дигитална писменост,  Rock n Roll, Blog n Troll.

Во вториот дел, музичката група Пеперминт ги забавуваше сите присутни на платото пред МКЦ.

Натпреварот во блогирање за сите средношколци „Кажи нешто“ почна на 24 декември и траеше до 30 април, 2014 година и имаше за цел да ги поттикне младите луѓе во Македонија да ги употребуваат новите информатички технологии на практичен начин и да се изразат креативно преку музика, видео, фотографија или пишување.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Отворен и петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, во Велес Вчера, Велес стана дом на петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакн...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg