Апликацијата за Книготека Македоника меѓу најдобрите во светот

Апликацијата за мобилни уреди МАКЕДОНИКА е номинирана за најпрестижната светска награда WSA 2014 (World Summit Award Mobile). Станува збор за избор на најдобра светска апликација за мобилните платформи iOS и Android.

aplikacijata-za-knigoteka-makedonika-megu-najdobrite-vo-svetot-01.jpg

Илјадниците пријавени апликации беа поделени во осум категории, а нашата МАКЕДОНИКА беше номинирана во категоријата е-образование и е-учење и успешно ја помина првата селекција. Меѓународното жири составено од реномирани IT експерти одбра 454 мобилни апликации што влегуваат во борбата за најдобрите пет.

На крајот на септември ќе се знаат победниците. Веруваме дека единствената апликација од Македонија што коба било се борела рамо до рамо со светските софтверски гиганти ќе успее во својата мисија. Се надеваме дека оние што одлучуваат и влијаат на изборот на победникот ќе ја препознаат големината на оваа софтверска платформа како прва и единствена во светот. 

Посебно сме горди што целиот софтвер е 100% македонски производ, замислен, развиен и создаден од тим од македонски програмери, дизајнери, уредници и други врвни експерти.

Натпреварот за наградата WSA се одржува секои две години во Абу Даби (OАЕ) во организација на ICNM (International Center for New Media) во соработка со UNESCO (The United Nations Organization for Education, Science and Culture), UNIDO (United Nations Industrial Development Organization) и UN GAID (United Nations Global Alliance for ICT and Development). 

Доколку не сте ја ”симнале” Македоника,тоа може БЕСПЛАТНО да го направите преку Google Play Store и Apple App Store.

Би можело да ве интересира:

Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Изјава на Македонка стана вирална, по случката во Ѓорче: „Некогаш било срамота да си глуп, сега е мо... „Постарите луѓе што се родени до крајот на 60-тите, дури и оние кои биле најглуп...
Синот на Бубо Каров, шеговито пред 40-тиот роденден: „Постигнав многу, вратот ми е вкочанет, рамото ... „Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав мно...
Катарина Ивановска за светската кариера: „Не знаев ни да одам на штикли, на 17 години заминав сама в... „Не знаев ни да позирам, ни да одам на штикли, поим немав, влегов во нешто непоз...
Јанг Дади по хит-песната за Лидија: „Има коментари дека сум феминизиран, почитувам вредности – сакам... „Има многу коментари дека сум бил исфеминизиран. Сметам дека сум воспитан и дека...
Дуа Липа доби јакна од Сатја Грабулоски - Трета соработка на нашиот дизајнер и светската ѕвезда „Јакната е 100% веганска. Процесот од почеток до крај го водеше Лира Грабул...

Најчитани неделава