Авон Македонија донира 15.000 долари во кампањата за борба против ракот на дојка

Козметичката компанија ја заокружува октомвриската кампања со нова донација кон здружението „Борка“

avon-makedonija-donira-15-000-dolari-vo-kampanjata-za-borba-protiv-rakot-na-dojkata-01.jpg

Компанијата Авон Македонија која овој октомври го одбележа со серија активности за подигнување на свесноста за ракот на дојка, реализираше и донација во висина од 15.000 долари на здружението „Борка – за секој нов ден“, за борбата против оваа болест.

Овие средства се наменети за продолжување на традицијата и одржување на постоечкиот СОС број 0800 55 777, меѓутоа и за отворање на нова мобилна СОС линија 075 22 88 99, која е достапна седум дена во неделата од 9 до 21.00 ч. Дополнително, со новата донација ќе се реализираат и нови едукации на жените за самопреглед, и тоа во општините во Македонија каде е евидентирана највисока стапка на смртност од овој вид карцином.

На единствената бесплатна СОС линија која Авон Македонија ја отвори во 2006 година во партнерство со здружението „Борка“ досега се јавиле повеќе од 12.000 лица, а бројот на повици од ден на ден сè повеќе се зголемува.

Истовремено, последната достапна статистика од 2012 година од GLOBOCAN (IARC) покажува дека во земјата годишно се регистрирани 1152 новодијагностицирани пациенти, што е за речиси 40% повеќе од претходната година. Од комапнијата велат дека ги увиделе овие потреби и токму затоа со новата донација овозможуваат надградување на услугата, со цел што поголем број пациенти, жени, семејства да добијат помош, совет или информација.

На СОС линиите се нудат информации за закажување прегледи, административни процедури, процедури за операции, справување со хемотерапија и радиотерапија, па сè до совети за исхрана, пост-третман и психолошко советување и поддршка.

avon-makedonija-donira-15-000-dolari-vo-kampanjata-za-borba-protiv-rakot-na-dojkata-03.jpg

„Бесплатните СОС линии се наменети да излезат во пресрет во моментите кога е најтешко на многу жени и фамилии. Овие линии се всушност единственото место во државата каде пациентите и нивните најблиски можат да дознаат сè во врска со болеста. Операторите кои раководат со линиите се членови на нашето здружение и тие освен што се стручни и обучени медицински лица и психолози, тие се и жени кои веќе го преживеале ракот на дојка и кои можат да пружат најреална помош и поддршка за справување со болеста“, вели Биба Додева, претседател на здружението „Борка“.

Дополнително, земајќи го предвид фактот дека старосната граница на заболени е спуштена и најмладата пациентка има само 17 години, дел од донацијата на Авон ќе биде искористена за нова серија едукации за самопреглед во средните училишта низ Македонија во општните каде смртноста е најголема, односно Охрид, Свети Николе, Велес и Струмица, со цел да се едуцираат младите за навремено откривање и превенција на ракот на дојка.

Со реализирање на оваа донација, од Авон велат дека единствено се обидуваат да останат доследни на својата долгогодишна мисија и да допрат до сите жени дека ракот на дојка во над 98% е излечива болест доколку се дијагностицира навреме.

„Кампањата за борба против ракот на дојка во Македонија за прв пат е лансирана пред 8 години и оттогаш речиси секоја година спроведуваме повеќе активности и донации за помош и поддршка на заболените. Вклучително со годинешната, досега имаме реализирано донации во висина од околу 3.700.000 денари, со што веруваме дека успеваме да направиме барем скромна разлика за оние на кои им е тоа најпотребно“, вели Бисера Банова, специјалист за односи со јавност и дигитална комуникација во Авон Македонија.

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...

Најчитани неделава