Успешно заврши проектот „е-Engagement” за усовршување на дигиталните вештини на младите луѓе

Во организација на НВО „Младински сојуз”, а со поддршка на фондацијата е-Македонија, се одржаа едукативни работилници во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.

uspesno-zavrsi-proektot-e-engagement-za-usovrsuvaje-na-digitalnite-vestini-na-mladite-lugje.jpg

Од 21 до 23 ноември, како дел од проектот „e-Engagement”, во Прилеп се одржа завршна конференција на која учествуваа најмотивираните и најактивните учесници од едукативните работилници кои се одржаа изминатиот период во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.

Проектот е организиран од страна на „Младински Сојуз“, а со поддршка на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком.

Овој едукативен караван имаше за цел да ги мотивира младите да развијат вештини и поефективно да се вклучат со дигиталното општество.

„Преку овој проект се обидовме да ги охрабриме младите да ги користат дигиталните алатки во насока на себеусовршување,  а потоа и во насока на градење позитивни промени во општеството преку нивна употреба“ - изјави Маријана Јанческа, прв проектен асистент на проекот „e-Engagement”

На конференцијата, на која учествуваа 50 млади лидери се дискутираше за поефективно електронско учество, а беа презентирани и неколку успешно спроведени акции во Македонија преку социјалните мрежи.  

“Наша цел како фондација е поефективно вклучување на младите во е-заедницата, а преку проектот „е-Engagement“ го постигнавме токму тоа. Интересот и посетеноста на работилниците јасно покажаа дека има и тоа каква потреба за мотивирање но и усовршување на младите за подобро користење на дигиталните медиуми што ќе им помогне подобро да се интегрираат, да реагираат и да се вклопат во општеството“ – изјави Радмила Јончевска, директор на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком.

Проектот „е-Engagement“ опфати 5 градови низ Македонија, а учество земаа над 200 млади луѓе.

Би можело да ве интересира:

Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се сним... „Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, б...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...

Најчитани неделава