Еден ден посветен на семејството

Семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол Мол за својот прв роденден одлучи пријатно да изненади едно семејство со неверојатно доживување подарувајќи им бесплатно уживање во сите содржини.

eden-den-posveten-na-semejstvoto-1.jpg

Со својот пријатен и несекојдневен трговски амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана инстант хит и за најделикатните потрошувачи, обезбедувајќи им го сиот конфор и луксуз на шопингот.  Со интегрирање на сите разбирливи потреби на граѓаните под еден покрив, Капитол Мол ја потенцира разновидноста на понудата, но и својата обврска кон потрошувачите да им обезбеди ништо помалку од најдоброто. 

Семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол Мол за својот прв роденден одлучи пријатно да ги изненади своите лојални потрошувачи, избирајќи едно семејство на кое ќе му приреди неверојатно доживување во шопинг центарот, подарувајќи им еден ден бесплатно уживање во сите содржини.

„Во овој хектичен, брз живот, притиснат од многу предизвици, младите луѓе копнеат по квалитетно време поминато со своите најмили. За ова семејство, инаку наши лојални потрошувачи уште од првиот ден, сакавме да креираме незаборавни мигови кои пред се ќе си ги посветат еден на друг“ - изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.  

eden-den-posveten-na-semejstvoto-2.jpg

eden-den-posveten-na-semejstvoto-3.jpg

Семејството Попови беа дочекани во Капитол Мол на првото утринско кафе, по што следеше појадок и топли пецива. Додека мама Наташа уживаше вежбајќи во фитнес центарот „Капитол фитнес и кросфит“, тато Диме со Мила и Марко  се забавуваше во кугланата „4Боулинг“. Ручекот беше време да уживаат во гурманските специјалитети на ресторанот „Ѕвезден Океан“ и да си раскажат за своите доживувања, а забавата продолжи во игротеката „Кидс парк“ каде децата уживаа во реквизитите за игра и забава. Додека нивниот автомобил беше подготвен и чист во „Капитол карвош“, Попови ги обиколија своите омилени брендови и го направија последниот шопинг во Рамстор супермаркетот.

eden-den-posveten-na-semejstvoto-4.jpg

eden-den-posveten-na-semejstvoto-5.jpg

eden-den-posveten-na-semejstvoto-6.jpg

„Каков убав ден и уникатен подарок. За нас ова е револуционерен потег на еден трговски центар да ги награди своите лојални потрошувачи со ваков потег кој пријатно нè изненади сите. Сите сме пресреќни и презадоволни, а особено децата, кои веќе неколку дена на сите им раскажуваат за ова наше несекојдневно доживување. Семејството за мене и мојот сопруг не е само една од важните работи во животот. Семејството е сè. Затоа му благодарам на менаџменотот и на сите вработени во Капитол Мол што токму нас нè одбраа како најлојани потрошувачи и од сè срце им го честитаме роденденот“ - изјави Наташа Попова, наградена за лојаност во Капитол Мол.

Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите лојални потрошувачи и да ги ослушнува  нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.

Би можело да ве интересира:

Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Виолета Томовска наполни 80 години - Семејството го испеа нејзиниот хит „Молитва“ со порака „Те сака... „Оваа ‘Молитва' е подарок за 80-тиот роденден на Виолета Томовска, а учесници се...
Христијан од Куманово: „Ја однесов ќерка ми во ретро станот на прадедо ѝ, со милјеа и винтиџ работи,... „Малата Веда е на гости кај прадедо. Годината е 1979, Југославија (чувствуваме т...
Исидора сподели нови фотографии од свадбата со Марио од 2Бона - уникатен бидермаер, венчаница со тан... Парот позира вљубено, меѓу гостите има и навистина специфични аутфити, а Исидора...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...

Најчитани неделава