Според 68% од граѓаните во Македонија мрежата на Т-Мобиле е најдобра

Ова е заклучок од истражувањето на агенцијата БРИМА, дел од TNS групацијата и македонски член на GALLUP International, спроведено во февруари оваа година.

spored-68-od-graganite-vo-makedonija-mrezata-na-t-mobile-e-najdobra-01.jpg

Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години.

Дури 68 отсто од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мрежата на Т-Мобиле е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Тоа е главниот заклучок од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во февруари оваа година. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервју со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.

Изборот на мрежата на Т-Мобиле за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции реализирани од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.

Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во Дојче Телеком Групацијата, додека пак Т-Мобиле прв ја воведе 4G мрежата и за само една година достигна 50% покриеност на населението и 20% покриеност на територијата со најновата 4G технологија.

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Дарко Панчев наполни 60 години - Златна топка и две торти за роденденот на фудбалската легенда „Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатио...
Стојанче Јовановски доби 12 години затвор – максимална казна за наведување на самоубиство на сопруга... Сопругот на Ивана и таткото на Катја, кои трагично го изгубија животот по пад од...

Најчитани неделава