Ексклузивна предпродажна кампања на Т-Мобиле за Samsung Galaxy S6 и Samsung 6 edge

Со онлајн нарачката, корисниците добиваат попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

ekskluzivna-predprodazna-kampanja-na-t-mobile-za-samsung-galaxy-s6-i-samsung-6-edge-01.jpg

Т-Мобиле Македонија за своите корисници организира ексклузивна претпродажна кампања за Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge. Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април. Корисниците можат да ги нарачаат телефоните на веб страната на Т-Мобиле.

Со нарачка на телефоните по електронски пат, корисниците добиваат дополнителни бенефиции: попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се достапни во Доверба 24 за сите корисници на Play Comfort, Play Extra и Play Premium, а за бизнис корисниците со тарифните модели Business Promo L, Business Promo XL и Business Smart XXL. Корисниците ќе ги добијат нарачаните уреди после 21 април.

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задната 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Во редовна продажба телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе се најдат во Телеком продавниците од 20 Април.

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Камионџијата Андруш на тема брак: „Уф, фала ти, скраја било, за што ќе ми е - за да умрам побрзо?“ „Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, п...
Браво! Тина Русева победи на The Voice of Europe – освои најмногу гласови од публика Талентираната Тина Русева од Македонија победи на The Voice of Europe, откако ко...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Време е за Black Friday во Skopje City Mall! На 28 ноември (петок) во Skopje City Mall започнува Black Friday шопинг лудилото...
Домашниот автор е во фокусот на програмата на Театар Комедија годинава, буџетот речиси 100 отсто пог... 11 март, Скопје: Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализац...

Најчитани неделава