Со Loop услугата на Т-Мобиле фотографии и видеа достапни на сите уреди

Фотографиите овековечуваат моменти, емоции и места. Будат спомени и се доказ за периоди од нашето животно патешествие. Селфи фотографирањето одамна е мода, а споделувањето на фотографиите на Фејсбук се чини дека никогаш не било подостапно, побрзо и поедноставно. Фотографирањето денес стана забавна игра, во коjaшто уживаат и најмладите дечиња, а вашите родители пак, се пресреќни кога брзо и едноставно ќе споделите со нив еден куп фотографии од вашиот одмор, роденден или патување. Ако не фотографирате, како и да не сте биле некаде!

so-loop-uslugata-na-t-mobile-fotografii-i-videa-dostapni-na-site-uredi.jpg

Новите апарати за фотографирање, технологии и апликации секогаш ќе не изненадат со уште некоја придобивка, која го прави светот поинтересен, поинтерактивен и позабавен. Loop e една од апликациите со коишто нашето секојдневие може да се разубави и да стане поинтересно. Со оваа услуга на Т-Мобиле, може да се споделуваат слики и видеа од вашиот смартфон директно на MaxTV, компјутер и таблет. Едноставно, вашите фотографии и видеа се достапни на сите уреди!

На таков начин, додека сте на патување, вашето семејство директно на својот телевизорот може да ги гледа фотографиите или видео материјалите и да биде во тек со она што ви се случува. Можете да креирате и база на фотографии, кои ќе ги чувате на вашиот уред, да ги средувате и селектирате како што сакате.

Она што треба да се направи е да се активира услугата Loop на www.loop.mk, да се кликне на копчето “регистрирај се” и сајтот ќе ве води чекор по чекор низ постапката, или пак преземете ја бесплатната апликација од Google Play и App Store и почнете да споделувате!

Со Loop вашите содржини се секогаш безбедни и секаде достапни!

Би можело да ве интересира:

Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
„Ти си мое сè, секогаш има некој покрај тебе принцу мој“ – Перо Антиќ и Ружица со емотивни објави за... За 13-тиот роденден на средниот син Павел, Ружица објави емотивно видео во кое п...
Последно збогум за Панчо од неговата наставничка во основно: „Замина нашиот Владе, а сите го чекавме... „Нека почива во мир, а ние ќе го носиме длабоко во срцата нашиот Владе, убав тој...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Шест месеци по трагедијата во Кочани, Ана Костадиновска неутешна: „Си беше еднаш“ Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобна...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...

Најчитани неделава