Менитоо - нова платформа за онлајн нарачки на храна

Имаме чест и задоволство да ви го претставиме Менитоо, нова платформа за онлајн нарачки на храна на нашиот пазар.

menito-nova-platforma-za-onlajn-naracki-na-hrana-01.jpg

По тој повод во средата на 20.05.2015 год. во City Hall Center во Скопје се одржа првата презентација на Менитоо проследена со коктел забава и стандап комедија со актерот Кирил Трајковски. На презентацијата се обратија Денис Качар – сопственик на menitoo.mk, Дарко Џартовски – маркетинг менаџер и Наумче Ивановски – програмер, тие на сите присутни им презентираа што точно значи Менитоо, како Менитоо работи и кои се нивните планови за во иднина.

На овој нов сајт посетителите можат да ги откријат сите можности како полесно да дојдат до нивниот омилен оброк, а без притоа да го напуштат својот дом или работното местo. Содржината на Менитоо им пружа на корисниците полесен начин на прелистување на страната, достап до рејтинзите, оценките и полесен начин да истражуваат нови и интерисни ресторани.

Земајќи ги во предвид желбите на секој корисник Менитоо на своите корисници, кои откако ќе ја изберат својата храна, им овозможува директно да разговараат со куварот и да ги изразат своите желби за храната која ја нарачуваат. Менитоо исто така им овозможува на своите корисници да се натпреваруваат и да дојдат до награда:

1. Вклучи се во WE LOVE FOOD, направи фотографија од твоето омилено јадење и добиј iPhone 6!

2. Биди еден од првите 200 кои ќе се регистрираат на страната www.menitoo.mk и добиј маица или капче!

Менитоо.мк официјално стартува од 31 мај.

Менитоо - Со клик до оброк!

Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео) 8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа ...

Најчитани неделава