Доживеј ја Македонија со Grouper!

Водечкиот сајт за групни попусти Grouper.mk кој постојано нуди нови искуства, доживувања и патувања за своите коирнсици по најдобри цени, овој пат изненадува со нова кампања фокусирана на нашата Татковина! Кампањата со слоган Доживеј ја Македонија има за цел да ги мотивира граѓаните да ја прошетаат Македонија преку секојдневно објавување на атрактивни понуди со големи попусти за хотели, вили, ресторани и тури низ кои се опфатени сите региони во земјава.

dozivej-ja-makedonija-so-grouper-01.jpg

Во контекст на оваа кампања тимот на Grouper го прогласува револуционерниот месец октомври за месец на Македонија! Зошто Октомври? Најпрво, во овој месец има два продолжени викенди, идеални за прошетка, второ временската прогноза е на наша страна: ни премногу топло, ни премногу ладно, и трето есента сама по себе е одличен период за шетање.

Покрај сместувањето на големи попусти по Grouper цени, секоја понуда соджи Grouper водич кој препорачува места вредни за посета во околината, па така корисниците ќе имаат можност да уживаат во недопрената природа на Македонија, да вкусат традиционална храна, да возат велосипеди на Галичник и многу други активности.

На овој линк можете да ги погледнете сите активни зделки со кои стартува оваа кампања и да си го најдете вашето ново омилено место во Македонија.

Oд Grouper велат дека зделките за нови угостителски и туристички објекти ќе се обновуваат на дневно ниво, и постојано ќе се објавуваат нови попусти за нови македонски локации.

Во моментов меѓу стартните зделки можете да најдете понуди за сместување во с.Јанче, Галичник, Берово, с.Брајчино, Вевчани, Пониква и секако Охрид, Маврово, Крушево.

Ако ве интересира повеќе за идејата на тимот на Grouper за оваа кампања прочитајте го нивиот БЛОГ пост.

Одберете ја Вашата Grouper зделка, уживајте во убавините на нашата земја и споделете го Вашето ново доживување со хаштагот на кампањата #доживејјаМакедонија!

Би можело да ве интересира:

Новинарката Александра Спировска за 74-иот роденден на мајка си: „Мамо, се плашам од свет во кој те ... „Мамо, го ценам секое твое: ,Како си', Гладна ли си', ,Како помина на работа', ,...
Маја Кикириткова по судењето за сообраќајката: „Дечкото што ме удри немал возачка и не покажа никакв... „Само што се вратив од суд, дечкото кој ме удри, сега има 20 години, а притоа, н...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA... Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовит...
Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатнат...
Тон емоции! Учениците на Ана Костадиновска пеат хит од нејзините колеги од ДНК на час: „Од срце за с... Браво! Ана Костадиновска, која е професор по пеење во музичкото училиште Ил...

Најчитани неделава