„Супер С“ - Нов производ на Шпаркасе Банка и Винер Лајф

Супер С - Нов ненаменски потрошувачки кредит со животно осигурување

super-s-nov-proizvod-na-sparkasse-banka-i-viner-lajf.jpg

(Скопје, 02.10.2015) – Шпаркасе Банка во рамките на своето стратешко партнерство со Винер Лајф ја лансираше новата понуда за ненаменски потрошувачки кредит „Супер С“ со максимален износ до 1.200.000 денари, фиксна каматна стапка за првата година почнувајќи од 5,9% и рок на отплата до 10 години. Новитетот во оваа понуда на ненаменски потрошувачки кредит е дополнителниот осигурителен пакет од Винер Лајф кој вклучува полиса за животно осигурување.

Супер С кредитот е уште еден производ со кој продолжуваме да градиме долгорочен однос на соработка со граѓаните и воедно да им понудиме финансиски решенија кои ќе им овозможат и дополнителна вредност од областа на осигурувањето. Од тие причини креиравме поволна понуда која вклучува животно осигурување во соработка со Винер Лајф. Стратешкото партнерство со Wienna Insurance Group и поддршката од нашата матична банка Штаермеркише Шпаркасе од Грац, Р. Австрија се голем мотив да развиваме вакви иновативни производи и услуги кои ќе вклучуваат уникатни пакет понуди од банкарскиот и осигурителниот бизнис“, изјави Викторија Јовановска, Директор на Сектор Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

„Винер Лајф ја интензивира својата соработка со Шпаркасе Банка Македонија со цел преку заеднички настапи и производи на граѓаните да им овозможиме услуги со повеќе поволности. Во таа насока е и создавањето на „Супер С“ кредитот кој што во пакет со животна полиса им овозможува максимален износ на кредит до 1.200.000 денари. Ваквите заеднички настапи се добри и од аспект на стимулирање на пазарот и во банкарскиот и во осигурителниот сектор и на тоа се гледа како проширување со новитети и можности за клиентот на едно место да добие цел спектар на различни финансиски услуги“, изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф.

Клиентите можат да аплицираат за ненаменскиот потрошувачки кредит „Супер С“ преку експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија, каде можат да се информираат и за полиса за животното осигурување преку Винер Лајф. „Супер С“ кредитот има максимален рок на отплата до 10 години и промотивен период за одобрување без провизија најдоцна до 31ви декември.

Би можело да ве интересира:

Германец разочаран од нашите возови, Македонците го поддржаа: „До Драчево патував цел час, наместо 1... „Кога слушнале Кинезите дека од Скопје за Битола се патува со воз за 6 часа поми...
Херој на денот! Д-р Чадиковски оперираше бебе од 2.5kg на кое машина му ги менуваше срцето и белите ... „По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена пом...
Нашата манекенка Андријана Илиоска за божиќната атмосфера во Лондон: „Како зимска бајка е, ќе остана... „Планирам да останам подолг период. Сакам да ја доживеам празничната атмосфера д...
Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење ... Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производител...
Доктор Горан oтвори своја ординација во Германија: „Се молам на Господ да ми даде мудрост да постапу... „Денес беше мојот прв работен ден како сопственик на своја ординација и сам свој...
Џамбо Агушев сподели спомен за Андреј ДНК: „Прекина снимање на спот и отиде да купи сладолед за цел ... „Андреј и Панчо се легенди кои ќе ги паметам засекогаш, но ако треба да раскажам...

Најчитани неделава