Реновирани Телеком продавниците во Штип и Кичево

Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.

renovirani-telekom-prodavnicite-vo-stip-i-kicevo-01.jpg

Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Штип, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците . Со реновирањето Телеком продавницата доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.

Освен во Штип, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Кичево. Телеком продавниците во Штип и Кичево после реновирањето овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

На денот на отворањето на реновираните Телеком продавници во Штип и Кичево, компанијата подготви одлична промотивна понуда при што секој корисник којшто потпиша нов или го обнови својот претплатнички договор, имаше можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.

Би можело да ве интересира:

Почина оперската дива Милка Ефтимова (89), амбасадор на македонската уметност и култура во светот Маестралната Милка Ефтимова, која почина на 89 години, отпеа четириесет оперски ...
Синот на Бубо Каров, шеговито пред 40-тиот роденден: „Постигнав многу, вратот ми е вкочанет, рамото ... „Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав мно...
Место со врвно кафе во Скопје - „Тhe Dudе" повторно меѓу 100 најдобри кафетерии во светот Еден од најкул локалите во Скопје специјализирано за кафе, The Dude, втора годин...
Се омажи Дани Димитровска - блеска во бело покрај саканиот Горан По долги години врска, која се трудеше да ја чува подалеку од очите на јавноста,...
Маја Андоновска во истата облека од пред 32 години, настапи на јубилејот на СИ-ДО: „Точна ми е, само... „Ќе настапам и со оригиналните СИ-ДО алишта, поконкретно кошулата и елекот кои г...
Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...

Најчитани неделава