Македонија отсега на Google Street View

8ми октомври, 2015, Скопје – Почнувајќи од денес можете виртуелно да го истражувате центарот на Скопје, да шетате низ Битола или да му се восхитувате на Охрид – градот на бисерите со лансирањето на новата Street View галерија во Македонија.

makedonija-otsega-na-google-street-view-01.jpg

Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата.

makedonija-otsega-na-google-street-view-03.jpg

Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.

Марта Арсовска Томовска, Заменик министер за Информатичко општество и администрација на Република Македонија, вели: „Многу сме возбудени со најавата од  Google да го лансира Street View Македонија. Ни претставуваше задоволство да асистираме при собирањето на сликите од Македонија во текот на измината година и со нетрпение очекуваме корисниците на Google од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16% во 2015 година, очекуваме дека Google Street View ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот."

makedonija-otsega-na-google-street-view-02.jpg

„Доколку ги следите гигантските чекори на новата технологија, тоа во секој случај е добро институционално управување. Сепак, се наметнуваат повеќе одговорности, со оглед на тоа дека се работи за приватност и заштита на податоци и на овој начин имаме предвид преземање на чекор по чекор напори. Ние, како Институција за заштита на податоците сме длабоко убедени дека соработката со ентитети како Гугл во овој сегмент е силно утврдување во градењето на цврст систем за заштита на податоците во земјава", изјави Димитар Ѓеорѓиевски, Директор на Дирекција за заштита на личните податоци

Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од Street View технологијата со бесплатно вградување на Google Maps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.

makedonija-otsega-na-google-street-view-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Мала хероина! Ќерката на Христина Пан ѕвонеше силно на победничкото ѕвонче на Детската клиника и си ... „Господе фала ти! Сите деца од тука да излезат вака и дај Боже ниту едно дете да...
Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Борче Стаменов „Донирај компјутер“ откри дека чека дете, 22 години по операцијата од тумор на мозоко... „Коа се запознавме за прв пат во 2019 година, ја мислев дека она е препотентна с...
Календар со неработни денови и државни празници за 2026 година Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 веќе го подготвивме и ...
Тамара Тодевска за разделбата на родителите: „Се срамев да не дознае некој, а татко ми ми фалеше нав... „Јас бев многу мала, во тој период имав околу 8-9 години кога се разделија. ...

Најчитани неделава