Пакомак со награда за најдобра општествено одговорна практика за 2014 година

Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија свечено ги додели националните награди за општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија спроведени во 2014 година.

pakomak-so-nagrada-za-najdobra-opstestveno-odgovorna-praktika-za-2014-godina-01.jpg

За наградите конкурираа 34 претпријатија со вкупно 50 проекти, од кои 10 мали и средни со 13 проекти и 24 големи со 37 проекти, во различни категории на општествената одговорност.

Во категоријата „Заштита на животната средина“ во мали и средни претпријатија втора година по ред наградата ја доби Пакомак овојпат за проектот  за „3Д екобус“ - 3Д инерактивна обука за ученици и наставен кадар.

„Нé радува оваа награда и потврдата дека нашите практики се идентификувани и препознаени како корисни за општеството и заедницата. Со овој проект само во 2014 година беа опфатени 10.400 ученици и презадоволни сме од импактот што го имавме, од знаењето што го посадивме, а особено нé радуваат никулците и резултатите што перспективно следат: Еколошки едуцираните генерации, ќе продуцираат еколошки едуцирани генерации. Заради одличната прифатеност продолжуваме со истиот и во 2015 година, во Скопје и низ целата наша држава со цел да опфатиме што е можно поголем број деца.“ - изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак на доделувањето на наградите.

pakomak-so-nagrada-za-najdobra-opstestveno-odgovorna-praktika-za-2014-godina-02.jpg

Како компанија која има за цел да ја подигне општата еколошка свест, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, целта на Пакомак со овој проект  беше да го поврзе целиот ланец за успешно собирање на отпадот, од кој сите имаат  придобивка и преку забавна и интерактивна програма децата да се здобијат со знаење и да изградат личен позитивен однос кон поединечното собирање на отпадоците, како и да им помогне да формираат навики за секојдневно одговорно однесување кон околината.

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов ќе бил Кристина, Сузана Гавазова - Мери: Како требало да се викаат познатите Македонци? „За мене првин мислеле дека ќе бидам женско и татко ми имал желба да се викам Ка...
Македонец со вирална објава по фемицидот во Велес: „Да ги научиме синовите дека жената не е трофеј, ... „Како татко на син, сметам дека нашите синови треба да ги научиме дека една...
Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобу... „Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно...
Каролина освестува со моќен апел: „Донирај орган, спаси нечиј живот, биди нечие чудо и стани бесмрте... „Биди причината што нечие срца продолжува да чука. Биди чудото за кое толку мног...
Kсенија Николова со фотки од детството му честиташе роденден на татко ѝ: „Ти си мојот пример за борб... „Твојот роденден ти веќе 15 години го прославуваш на еден прекрасен, хуман начин...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...

Најчитани неделава