Македонски Телеком ја надгради 4Г мрежата со нова функционалност

Македонски Телеком ја надгради 4Г мрежата со нова функционалност наречена  Агрегација на носители (Carrier Aggregation) којашто припаѓа на новата генерација на LTE напредна мрежа (LTE Advanced).

makedonski-telekom-ja-nadgradi-4g-mrezata-so-nova-funkcionalnost-01.jpg

Надградбата првично е направена во потесното градско подрачје на Скопје и со овој чекор на корисниците им се овозможува поголема брзина на пренос на податоци која се движи до максимални 220 Mbit/s. Поголема брзина на пренос на податоци ќе имаат оние корисници коишто поседуваат најнова генерација на паметни телефони (категорија 6) кои ја поддржуваат новата функционалност. Моментално, Македонски Телеком нуди седум модели на вакви паметни телефони во својата продажна мрежа.

Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот, прв ја воведе 4 Г мрежата во Македонија. Како резултат на континуираните инвестиции во инфраструктура, во моментот со 4Г мрежа се покриени 45 отсто од територијата на Република Македонија и 70 отсто од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3Г мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3Г мрежа покрива 93 отсто од територијата и 98 отсто од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги.

Активностите за проширување на 3Г и 4Г мрежата продолжуваат понатаму со цел на граѓаните да им се овозможат најновите технологии, да им се подобри квалитетот на животот и да се обезбеди најдобро корисничко искуство со најдобрата мобилна мрежа, како еден од клучните фокуси на Македонски Телеком. Во таа насока, компанијата паралелно со ширење на 3Г и 4Г мрежата ширум државата, ќе продолжи и со надградбата на новата функционалност т.н Carrier Aggregation со цел на повеќе корисници да им овозможи пристап до поголеми брзини за пренос на податоци. 

Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров и сопругата Ивана ќе добијат син - направија голема забава за откривање на полот на беб... „Денот ми помина во исчекување исто како кога ја правевме свадбата и очекувавме ...
Доктор Митов со сопругата д-р Васка му прославија 4-ти роденден на најмалото од трите деца Најстариот син Григориј има 12 години, а најмалиот син Елисеј сега наполни 4 год...
Првата Мис на Македонија згодна и 29 години по изборот - Вера Мештеровиќ го покажа извајаното тело н... „Бескрајно лето. Се чувствував како летото да ме обзема“ - напиша Вера Мештерови...
Летово од Скопје ќе се лета до Сардинија и Сицилија – конечно долгоочекуваните дестинации Сардинија и Сицилија се едни од најпосакуваните летни дестинации кои се потешко ...
Актерката Маја Илијевски доби навредлива порака за носот: „Зошто не го оперираш, малце е долг - во Т... „Деновиве добив навредлива порака за изгледот на мојот нос. Не сум од оние луѓе ...
Потег за поздрав: Девојка од Скопје накити новогодишна елка на Водно за да ги радува случајните мину... „Јас редовно планинарам на Водно и еден ден се симнував надолу по новогодишната ...

Најчитани неделава