Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонските студенти со голема свесност за значењето на здравата исхрана

Зголемената свесност за штетното влијание на пијалоците и храната кои се перцепирани како нездрави (пр. “кола пијалоци”, маргарин, мајонез, паштети, и сл.) кај новите генерации потрошувачи на македонскиот пазар е еден од клучните и најзначајни заклучоци на истражувањето, кое според уникатната STUBRAND методологија за прв пат се спроведе во Република Македонија во 2015 година.

makedonskite-studenti-so-golema-svesnost-za-znacenjeto-na-zdravata-ishrana-001.jpg

Имено, со ова истражување се мереше личната перцепција или имиџот на 291 брендови групирани во 19 категории кај македонските студенти (млади лица на возраст од 18-27 години) кои своите верувања и асоцијации за понудените брендови ги искажаа со кликање на еден од можните одговори: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t know.

Горната констатација се потврдува со дел од резултатите, според кои за брендовите Vitalia, Cedevita, Цевитана, Balans+, Вива и сл. исклучително висок процент испитаници одговориле со Love и/или Like, што укажува на нивен позитивен имиџ кај студентската популација, но и висок степен емоции кон овие брендови, наспроти на пример “кола пијалоците” кои и покрај тоа што сеуште имаат свои приврзаници, сепак значителен е и процентот студенти кои за нив се изјасниле со Dislike и/или Hate. Дополнително, во прилог на претходната констатација оди и фактот според кој се поголемо значење и позитивен имиџ имаат и брендовите во категоријата вода, каде со најпозитивен имиџ, како прворангирани се издвоија Ладна и Добра вода, стекнувајќи се со престижното признание STUBRAND -ови за 2015 година.

Имајќи го сето ова во вид, на компаниите коишто ги таргетираат младите лица кои се повеќе се грижат за своето здравје, им се препорачува да размислуваат во оваа насока преку воведување иновативни производи со нови вкусови, дизајни и сл. со што дополнително ќе ја зајакнат емотивната поврзаност кон брендот, по примерот на Зегин кој веќе воведе нов бренд на македонскиот пазар под името Heathy Food by Zegin, со што само го потврди фактот дека ги следи новите трендови кај оваа значајна целна група потрошувачи.

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов објави ретка фотка со сопругата - уживаат со ќеркичката Ниа во Охрид (фото) Иван Јованов е во Охрид со семејството, од каде што објавува слатки видеа од ќер...
Манекенката Бојана Нушкова згодна на плажа – позира во танга бикини, гордо ги покажува стриите (фото... Нашата манекенка Бојана Нушкова е доказ за природна убавина која зрачи сексапил ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Нашиот Стефан во чест на Тоше вози велосипед од Крушево до Нова Градишка: „Имам болки во коленото, н... „Тоше беше посебен човек, со чисто срце, со подеднаква љубов за сите. Со бо...
Весна Петрушевска ја покажа лузната по мастектомијата: „Со ракот секоја битка е добиена војна“ Весна Петрушевска е една и единствена во секој поглед, а и таква е во борбата со...
Васил Гарванлиев промовира албум со божиќни песни и слави 40-ти роденден: „Со љубов од Скопје до Чик... „Албумот го пуштам денес, а утре (02.11) ќе го прославам 40-тиот роденден, па ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg