CRNOBELO.com – омилен бренд на студентите

CRNOBELO.com е меѓу омилените брендови на студентите врз основа на резултатите од истражувањето STUBRAND.

crnobelo-com-omilen-brend-na-studentite-1.jpg

Навистина ни е големо задоволство и посебно драго што оваа награда доаѓа од студентите – најрелевантни и најреални критичари во моментов. Тие навистина знаат да проценат што е добро и каде вреди да поминат квалитетен дел од своето време во текот на денот.

Брендот CRNOBELO.com има позитивен имиџ од 74%, односно голем степен на емотивна приврзаност кон брендот во категоријата Медиуми и телевизиски провајдери.

crnobelo-com-omilen-brend-na-studentite-2.jpg

Првото STUBRAND истражување во Република Македонија опфати вкупно 291 брендови во 19 категории. STUBRAND е уникатно истражување на сегментирана категорија потрошувачи. Целната група врз која се спроведува истражувањето се студенти, односно млади лица на возраст од 18-27 години.

Изборот на студентите како субјекти во истражувањето се темели врз премисата дека оваа потрошувачка група е многу значајна и во тековниот момент, но уште повеќе во иднина. Пораката на STUBRAND е „Креирајте вистинска лојалност кон брендот кај студентите денес, и задржете ги засекогаш!“.

Резултатите од истражувањето се содржани во специјално подготвен извештај во кој покрај податоци за имиџот на секој од истражуваните брендови, достапни се уште и споредбени анализи на имиџот на брендовите во секоја од 19те категории.

Според аналитичките критериуми на истражувањето, STUBRAND може да биде бренд кој има позитивен имиџ поголем од 50%, а PREMIUM STUBRAND може да биде бренд кој има позитивен имиџ поголем од 75% и процентот на Love одговори да е поголем од Like одговори.

Помеѓу омилените брендови на студентите годинава се најдоа и: Стоби Флипс, Атлантис, Скопско, Дурекс, 24 Вести, Телекабел, Ладна, Добра Вода, Виталиа, Зегин и Антена 5.

crnobelo-com-omilen-brend-na-studentite-5.jpg

crnobelo-com-omilen-brend-na-studentite-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Ма... Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на ...
Сопругата на Даниел Кајмакоски: „Никогаш не сме дочекале Нова година заедно, но на сите им посакувам... Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, ка...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Браво Ангела! Средно училиште од Скопје е гордо на својата матурантка - оди на натпревари, олимпијад... Ваква младина сакаме! И горди сме на секој првенец на генерација во Македонија. ...
„Мајка ми почина, по погребот јас морав да се појавам во емисијa“ - Димитар Атанасовски за најтешкио... „Мајка ми почина, а дента јас отидов на емисија од 14 до 16 часот. Погребот беше...

Најчитани неделава