Претставен првиот онлајн каталог на Biana Shoes

Biana Shoes е пионер во чевларската индустрија во Македонија, кој од своето основање во 1993 година е посветен на производство на женски чевли за секојдневни прилики и специјални пригоди. Работејќи во чекор со трендовите, следејќи ги желбите на своите потрошувачи, Biana Shoes го креираше својот прв онлајн каталог за зимската колекција 2015/2016.

Kористејќи го социјалниот медиум Facebook како основна платформа, фановите на Biana Shoes гласаа за своите омилени комбинации направени во соработка со познатите македонски блогерки Skopje Casual и Urban Vibe by Miss E. Девојките имаа за задача да креираат модни комбинации со различни модели на чизми, а фановите на Facebook страницата на Biana Shoes  гласаа за моделите и комбинациите кои им се допаѓаа најмногу.

pretstaven-prviot-onlajn-katalog-na-biana-shoes-1.jpg

Изглед на предизвици – Skopje Casual и Miss Urban Vibe

По еден месец гласање, фановите го направија својот избор, а конечните резултати можете да ги погледнете тука:
http://on.fb.me/1P8HHBG

pretstaven-prviot-onlajn-katalog-na-biana-shoes-2.jpg

„Им благодариме на сите фанови кои земаа учевство во нашите мини натпревари, како и на блогерките кои беа дел од оваа наша кампања. Продолжуваме да работиме со полна пареа, секогаш да ги задоволиме потребите на нашите верни фанови и љубители на удобните и квалитетни чизми.” вели извршниот директор на Biana Shoes, Ивица Додиќ.

Останете во тек со сите активности на Biana Shoes преку нивната Facebook страница: https://www.facebook.com/BianaShoes/

Би можело да ве интересира:

Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Викторија Јаначковиќ: „Жените денес, за жал, сакаат да покажат дека се големи 'џекови'“ „Жени кои немале лошо искуство, кои биле сакани од посилниот пол, немаат потреба...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Тијана Дапчевиќ (49) со сопругот на одмор - објави искрени фотки, без филтри, самоуверена и своја ка... Уште во 2020-та година Тијана во свој стил напиша: „Можам да се сликам со голи н...

Најчитани неделава