Почна Новогодишниот караван на Фондацијата Телеком за Македонија

Волонтери од Македонски Телеком ќе им донесат радост на 2.000 деца низ Македонија.

pocna-novogodisniot-karavan-na-fondacijata-telekom-za-makedonija-01.jpg

Денес во Детската клиника во Скопје почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија. Караванот, кој се одржува веќе тринаесет години, годинава ќе израдува над 2000 деца низ Македонија.

Организиран од волонтери, вработени во Македонски Телеком, Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.

Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот караван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава караванот ќе го реализираат над 50 волонтери.

Од денес, па сé до крајот на декември ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца, со една цел да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.

Би можело да ве интересира:

Ненад Сињори за семејната традиција правење зимница: „Сите имавме своја задача – од лупење пиперки д... „Сакавме и децата да ја почувствуваат традицијата и магијата. Се собра целото се...
Една од најзгодните Македонки ја освојува Америка - сексапилна на плажа во Мајами, „вреска“ од среќа... Додека беше во Лос Анџелес, Наташа Фигурела направи провокативна фотосесија со н...
Маја Гроздановска Панчева за менопаузата: „Се здебелив 10kg, носев широка облека цело време“ „Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто. Ние со кол...
Се ожени Марио од 2Бона со саканата Исидора - венчавка во црква, невестата смени два фустани Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, стапи во брак со саканата Исидора, за која...
Антониа Гиговска и Благица Павловска снимаа спот, шеф Никола го освети домот - Што прават нашите ѕве... Со фотка од снимање спот на која двете изгледаат прекрасно, Антониа Гиговска го ...
Елена Ристеска наполни 40 години и објави роденденска фотосесија: „Следните 40 мора да се посериозни... „40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност. Благодарн...

Најчитани неделава