Повеќе од 30 музичари одржаа ненадеен новогодишен концерт сред „Веро Центар“

Тие го почнаа настапот излегувајќи од различни страни во трговскиот центар во стилот на „флеш моб“, а репертоарот беше составен од композициите Silent night, Jingle Bells, дела од Штраус итн.

poveke-od-30-muzicari-odrzaa-nenadeen-novogodisen-koncert-sred-vero-centar-001.jpg

Посетителите на „Веро Центар“ викендов беа пријатно изненадени од ненадеен настап на гудачки оркестар составен од музичари од Македонската филхармонија и Македонска опера и балет и од професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“. Излегувајќи од различни страни во трговскиот центар во стилот на „флеш моб“, тие го почнаа 30-минутниот концерт, а репертоарот беше составен од новогодишни композиции како Silent night, Jingle Bells, дела од Штраус како и од популарниот анимиран филм Frozen.

 Оркестарот беше предводен од професорката по виолина, Наташа Малиновска, а диригент беше маестро Ерхан Шукри. Настапот го почнаа 15-ина професионални музичари од филхармонија, МОБ и професори, а во вториот дел им се придружија и 20-ина млади изведувачи кои се членови на детскиот оркестар на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“.

- Ова беше одлична шанса за да се афирмира класичната музика, но и да се придонесе за уште поубава атмосфера и предновогодишно расположение во градот. Воедно учениците имаа можност да настапат заедно со поискусни и постари колеги што секако е убаво искуство – вели Малиновска.

Посетителите на „Веро Центар“ направија пауза од шопингот уживајќи во ненадејниот концерт. „Пријатно изненадување“ и „Уживање сред неделните обврски“, беа само дел од коментарите на публиката на овој несекојдневен музички настан. Маркетинг менаџерката Љубица Короскоска посочува дека ваков тип на случувања и во иднина ќе се организираат во трговскиот центар.

- „Веро Центар“ е место за шопинг, но и за квалитетно поминато време за секој потрошувач. Уште од самиот почеток нашата мисија е пријатно да ги изненадуваме купувачите и да им го направиме денот поубав. Позитивните реакции ни се стимул да продолжиме и понатаму со ваквиот тип на настани, но и да бидеме уште подобри во тоа што ќе им го понудиме на нашите посетители – вели Короскоска.

Во „Веро Центар“ изминатиов период се чувствуваше новогодишниот дух и покрај ненадејниот концерт, посетители уживаа и во детската претстава, празнични настани како и во големиот број на попусти и специјални понуди.

 

/">
/">
/">

Веро центар е место за шопинг, но и за квалитетно поминато време за секој потрошувачПосетителите викендов беа пријатно изненадени од ненадеен настап на гудачки оркестар составен од музичари од Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. Излегувајќи од различни страни во трговкиот центар во стилот на Флеш Моб, тие го почнаа 30 минутниот празничен концерт.Уживајте и споделетеВеро ви ги честита Новогoдишните и Божикните празници!

Posted by VERO Center on Wednesday, December 30, 2015

Би можело да ве интересира:

„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Сузана Гавазова згодна на плажа - заљубено го гледа сопругот, ужива на Малдиви Фолк-пејачката Сузана Гавазова побегна од студот кај нас, а како дестинација со ...
Адријан Гаџа стана татко, објави први фотографии од бебето: „Пресреќен сум“, вели за CRNOBELO Иако не откри дали има син или ќерка, за CRNOBELO.com, Адријан кратко изјави: „П...
Перо Камиказа откри дека Драган. Б. Костиќ бие животна битка: „Звучи подобро, мислата му е бистра“ „Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро з...
Ирена Спировска влезе во студената вода на Кривошијскиoт Водопад во Лешница, па ја посети пештерата ... „Многупати сум била на Кривошијски водопад на Лешница, но овој пат за првпат се ...
Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....

Најчитани неделава