Што точно е „Наука за сите”?

Имате три бои: црвена, сина и зелена. За да добиете кафеава боја, кои две од дадените три бои треба да ги измешате?

sto-tocno-e-nauka-za-site-01.jpg

Некои од вас можеби веќе го знаат одговор на ова прашање, а некои можеби не. Оние што не го знаат, веројатно во својата глава веќе формулираат хипотеза (претпоставка) врз основа на одредено претходно знаење, претчувство, интуиција, визуелизација, итн.

Но, колку и да се обидувате да претпоставите, одговорот на прашањето ќе го добиете само доколку одберете две бои и ги измешате во намалку три комбинации (црвена и сина, црвена и зелена, сина и зелена).

Процесот на откривање на природата преку поставување на прашање, формулирање хипотеза и нејзино методолошко тестирање е суштината на науката и научниот метод. Нашата страница “Наука за сите” се обидува да го разбуди интересот за ваквото восприемање и разбирање на светот преку оригинални и лесно разбирливи написи.

Значи, кафеава боја се добива со мешање на...? :)

Наука за сите“ претставува волонтерски едукативен проект инициран од страна на невладината организација ГРАСП (GRASP – Global Researchers Association for Science Popularization).

Целта на проектот е популаризација на науката во Република Македонија преку научни текстови напишани на ниво и начин прифатливи за пошироката публика. Се надеваме дека со нив ќе успееме да ги заинтересираме луѓето самостојно да бараат и читаат научни статии и текстови, постојано да го надоградуваат своето знаење.

Нашата главна цел е да ја убедиме младата популација да не гледа на науката со резерва и песимизам, туку да ја доживее на еден забавен начин и да ја увиди нејзината перспектива.


Што ја прави „Наука за сите” различна од останатите македонски портали?

Стaтиите на „Наука за сите” се пишувани од вистински истражувачи/научници

Во „Наука за сите” учествуваат млади македонски научници кои моментално се распространети насекаде низ светов, кои дневно работат научно-истражувачка работа во различни научни области и имаат заедничка визија и желба за популаризација на науката во Република Македонија.


Статиите не се преводи од странски текстови туку оригинални текстови на самите автори

Бидејќи авторите се млади научници од различни полиња, тие имаат можност да го претопат насобраното знаење низ годините во интересни и лесно разбирливи текстови за сите читатели, наместо само да копираат или преведуваат научни текстови од трети извори, како што е обичај на повеќето интернет портали во Македонија.


Статиите се одлично истражени, со референци до изворите и извори за понатамошно читање.

„Наука за сите” се стреми да ги поттикне читателите да размислуваат, да донесат свои заклучоци од текстовите и да научат нешто ново. Во текстовите авторите се трудат да достават важни линкови до научни истражувања коишто ја дополнуваат или дообјаснуваат темата на статијата, за љубопитните читатели да имаат можност да навлезат подлабоко во истата. Исто така сме отворени за прашања или помош долку читателите би сакале да дознаат повеќе на одредена тема.


Целна група на „Наука за сите”, како што кажува името, се сите, млади и стари, без разлика на нивното претходно знаење.

Авторите се трудат статиите да бидат разбирливи самите по себе, за што не е потребно одредено претходно знање. Научните текстови се презентирани со интерактивна, лесно разбирлива и доста информативна содржина, кои преку примери и корелации од секојдневието се обидуваат да објаснат научни појави и концепти.


„Наука за сите” дава ретка можност на читателите и самите да се вклучат во тимот/заедницата и да пишуваат научни текстови за свои интересни теми.

Ако вие како читател поседувате знаење од одредена област која ве интересира, нашата страна нуди најлесен начин да го споделите со пошироката публика. Откако ќе напишете напис, следејќи ги инструкциите дадени на страната, испратете го на тимот.


Текстовите ги опфаќаат и најновите достигнувања во светот на науката

Науката брза напред со несопирачко темпо. Секој ден има нови научни трудови, нови истражувања и нови откритија. Само пред неколку дена беа потврдени гравитационите бранови; откритие што ќе го промени лицето на физиката и има огромно значење. И додека стандардните учебници во училиштата немаат можност да издаваат нови изданија секој ден, авторите на „Наука за сите” можат лесно и брзо да напишат статии кои ги објаснуваат овие откритија на лесно разбирлив начин.

Би сакале да ги повикаме сите гладни за знаење да не посетат на naukazasite.mk , или да не следат преку Facebook и Twitter, за да прочитаат, дознаат и истражат различни научни области.

Сите заинтересирани исто така може да ни се приклучат во тимот како активни членови или да придонесат со свои статии.

sto-tocno-e-nauka-za-site-02.jpg

Биди кул, читај наука!

Би можело да ве интересира:

Ивана Лескароски среде тешките животни битки на синот, слави 16 години љубов со сопругот: „Бог нè од... „И денес после 16 години тврдам дека не постои рака како твојата, која е мој мир...
Почина таткото на Васил Зафирчев, актерот скршен од болка - И Калиопи му посвети порака: „Патувај та... „Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените п...
Денес почнува „Бела недела“, кога верниците се подготвуваат за Велигденскиот пост - Што треба да пра... Неделата пред Прочка, која секогаш е една недела пред почеток на велигденските п...
Тина од Струмица воодушеви на германскиот The Voice - Жирито со подзината уста, се „степаа“ кој да ј... Во првото појавување пред жирито, нашата Тина ја пееше Do It Like a Dude од Џеси...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...

Најчитани неделава