Според граѓаните во Македонија Македонски Телеком има најдобра мрежа

Најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во земјава и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатот е речиси идентичен за квалитетот на фиксната мрежа, односно граѓаните се изјасниле дека се најзадоволни од фиксната мрежа на Македонски Телеком.

spored-graganite-vo-makedonija-makedonski-telekom-ima-najdobra-mreza-01.jpg

Податоците се резултат од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во декември оваа година.

Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервјуа со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.

Изборот на мрежата на Македонски Телеком за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.

Македонски Телеком овозможи Македонија да биде прва земја во Европа со фиксна мрежа целосно базирана на интернет протокол, прва воопшто во  Дојче Телеком Групацијата, додека пак во моментот со 4G мрежа се покриени 45 отсто од територијата на Република Македонија и 70 отсто од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3G мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3G мрежа покрива 95 отсто од територијата и 99 отсто од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги.

Би можело да ве интересира:

Денес е чист понеделник, првите три дена се најстроги - Што треба да знаете за Велигденскиот пост? Велигденскиот пост оваа година почнува денес (23.02), на денот познат како чист ...
Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Приказна од Делчево топи срца: Девојка од Измир дојде да ја види пријателка си - нивните прадедовци ... „Некои пријателства не познаваат ни за далечина, ни за години. Пред многу децени...
Илина Арсова револтирана од хејт коментарите за неа, ги сподели со скриншот: „Засрамете се, ќе се по... „Е, сега објаснете ми го ова, профили, очигледно фамилијарни луѓе, што коментира...
12 најромантични запросувања на Македонци во 2025-та година, објавени на CRNOBELO.com Од прилепчанецот кој на почетокот на годината ја запроси саканата на Зимзоленд в...
Бојана Скендеровски (41) му го прослави роденденот на сопругот (55) на Тенерифе, па откри која жена ... Утре, на Денот на вљубените, Бојана Скендеровски ќе го прослави својот 42-ри род...

Најчитани неделава