Цртај и патувај во Дизниленд - Започнува детскиот ликовен конкурс на Ладна

По минатогодишниот успешно организиран ликовен конкурс, многу пријавени цртежи и супер награди, Ladna повторно доделува патување во Дизниленд за две дечиња кои ќе ги насликаат најубавите цртежи на годинешната тема „Водата и природата“

crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapocnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-1.jpg

Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 28.04.2009 до 27.04.2012 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 17.02.2006 до 27.04.2009 година.

За шесте најубави цртежи, Ladna и оваа година обезбеди супер награди: 2 тридневни патување во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

Ликовниот конкурс ќе трае до 27.04.2016, а сѐ што треба да направите е да го испратите цртежот на тема „Водата и природата“ заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и број на телефон) на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака „За Ладна ликовен конкурс“.

Минатата година на конкурсот пристигнаа повеќе од 500 детски цртежи кои што беа изложени во Сити Мол.

crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapocnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-2.jpgПрва награда – Александар Атанасоски - 9 години, Прилеп

„Беше прекрасно да се видат сите ликови, дворци, бродови, планини и патеки од цртаните и филмовите на Дизни студиото, да се почувствува магијата на филмската индустрија одблиску, да се лудува на тобоганите, лифтовите и рингишпилите.“ – изјави Александар Атанасоски, добитник на патување во Дизниленд на првиот ликовен конкурс во 2015 година во категоријата на деца од 7 до 10 години.

crtaj-i-patuvaj-vo-diznilend-zapocnuva-detskiot-likoven-konkurs-na-ladna-3.jpgАлександар Атанасоски во Дизниленд, Париз

Повеќе информации за конкурсот, но и за многу изненадувања во следниве недели можете да прочитате на Facebook страната на Ladna: www.facebook.com/Ladna.mk

Би можело да ве интересира:

Кирил Колемишевски по 4 години во Канада: „Живеам во предградие на Торонто, животот тука не е ниту л... „Денес повеќе не се ни прашувам каде ми е „дома“. „Дома“ е кога појадувам со ќер...
„Прекрасно!“ - Јелена Спенџарска долови колку убав град е Прилеп - прилепчани трогнати (видео) „Браво за видеото! Никој досега не го претставил Прилеп вака убаво! Ти благодари...
Борче Стаменов „Донирај компјутер“ откри дека чека дете, 22 години по операцијата од тумор на мозоко... „Коа се запознавме за прв пат во 2019 година, ја мислев дека она е препотентна с...
Позитива на денот: Дац и Александар им пеат на вработените во кујна во ресторан во Кавадарци (видео) Додека настапуваа во ресторан во Кавадарци, Дац и Александар не заброавија на пе...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...

Најчитани неделава